Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Одложено судењето против 13 полицајци за пожарот во дискотеката „Пулс“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Одложено судењето против 13 полицајци за пожарот во дискотеката „Пулс“
ХРОНИКА

Одложено судењето против 13 полицајци за пожарот во дискотеката „Пулс“

Објавено April 1, 2026 11:54
Сподели
Сподели

Судењето против 13 полициски службеници, кои се товарат за тешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, се одложи.

Главната расправа закажана за денеска се одложи за 20 април по барање на бранителот на обвинетите Кире Богатинов и Кристина Николова, кој информирал дека истовремено имал обврска во друг притворски предмет со приоритет во Основниот суд Кочани.

Судијата информира дека телефонски стапил во контакт со бранителот и побарал да обезбеди присуство на друг адвокат за денешното рочиште, со цел да се утврди динамиката на постапката. Како замена беше дојден друг адвокат и беше утврдена динамиката за наредните рочишта.

Судот на денешното рочиште информира и дека утрово биле доставени повеќе листи на докази по што судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска апелира во иднина поднесоците да се доставуваат навремено бидејќи, како што рече, доцнењето влијае врз траењето на постапката и можноста тие да бидат разгледани од судот и доставени до Јавното обвинителство.

Во судницата денеска беше прочитан и уште еден предлог за одлагање на рочиштето за кој судот соопшти дека бил доставен во 9.10 часот.

Судијата реагира на аргументацијата на предлогот, во кој, како што цитира, било наведено „она што се обидува ЈО да го направи во оваа судница е недозволиво нудејќи две теории на случај за еден ист настан, со исти фатални последици“, при што судијката апелира на внимателен избор на речник во поднесоците и настапите на одбраната.

Друг бранител денеска предложи спојување на постапката со главното судење за „Пулс“, во кое се опфатени 35 обвинети, меѓу кои управители, градоначалници и вработени во Министерството за економија.

Случајот го застапува обвинителката Спасенка Андонова од ОЈОГОКК, а обвинети се Дејан Салтировски, Ванчо Ѓорѓиевски, Марија Маневска, Томо Донев, Драган Петрушев, Кире Богатинов, Стојанче Филипов, Благица Митева, Кристина Николова, Мазлу Рамаданов, Дарко Милошевски, Мартин Арсовски и Марјан Радевски.

Предметот се однесува на 13 полициски службеници, кои се товарат за тешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот што се случи на 16 март 2025 година во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пад на цената на нафтата под 100 долари по сигналите за деескалација на Блискиот Исток
Следна Статија Мицкоски: Македонскиот идентитет нема повеќе да биде распродаван

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Осумнаесет лица со повреди од пожарот во „Макпрогрес“ примени во Болницата во Кочани

Вкупно осумнаесет лица се примени синоќа во кочанската Општа болница со повреди здобиени во пожарот  што избувна вчера доцна попладне…

September 7, 2025
ХРОНИКА

Криминалец се јавил кај семејството во обид да изнуди пари – трет ден се трага по 43-годишната Лидија

Полицијата ја продолжува потрагата по 43-годишната Лидија Трајковска од скопско Јурумлери, која трет ден се води за исчезната. Според семејството,…

November 10, 2024
ХРОНИКА

Син на турски градоначалник починал од срцев удар во затвор во Скопје

Онур Ѓунај, синот на градоначалникот на општина Ѓузелбахче (дел од градот Измир) починал од срцев удар во Скопје, јавуваат труските…

November 21, 2024
ХРОНИКА

Затворски полицаец фатен со марихуана и кокаин пред преземање на ноќна смена

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски властувања и припадници на затворската…

July 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?