Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Одобрено 24-часовно обезбедување на градоначалничката Арсовcка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Одобрено 24-часовно обезбедување на градоначалничката Арсовcка
МАКЕДОНИЈА

Одобрено 24-часовно обезбедување на градоначалничката Арсовcка

Објавено July 12, 2025 14:34
Сподели
Сподели

Министерството за внатрешни работи информира дека по вчерашниот инцидент во Општина Чаир, врз основа на оперативни сознанија и безбедносна проценка изготвена од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), донесена е одлука за определување 24-часовни мерки за обезбедување на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.

– Градоначалничката во текот на денешниот ден ќе биде контактирана од надлежните служби со цел да се координираат нејзините активности во согласност со мерките за лична заштита. МВР останува посветено на својата основна мисија да обезбеди сигурност и заштита за сите граѓани на Македонија, без оглед на нивниот општествен или институционален статус. Министерството постапува согласно своите законски надлежности, темелно и професионално, во секој поединечен случај, се вели во соопштението.

Во однос на последните настани поврзани со Арсовска, МВР посочува дека и покрај тоа што таа во повеќе наврати јавно комуницира за закани преку социјалните мрежи, институцијата постапува по сите добиени информации било по службена должност, било по официјална пријава согласно законот и воспоставените процедури.

Од МВР информираат хронолошки за досегашните настани. На 1 јуни 2025 година Арсовска била изложена на закана од возило во движење. Иако, како што наведуваат, нејзината првична реакција не вклучувала информирање на МВР, полицијата веднаш постапи по сопствени оперативни сознанија, обезбедувајќи материјални докази. Веќе е поднесена кривична пријава по член 144 став 4 од Кривичниот законик против едно лице.

На 2 јули 2025 година, градоначалничката преку социјалните мрежи пријавила закана од лице за кое беше посочено дека е полициски службеник. На 3 јули 2025 година, инспектори од Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди извршија службена посета на Град Скопје, утврдија фактичка состојба и земаа изјава од градоначалничката, при што беше сочинет соодветен записник. Против пријавениот полициски службеник е поведена дисциплинска постапка.

– На 5 јули 2025 година, во јавноста беа објавени информации за закани упатени кон советничката Ирена Витина. Веќе на 8 јули 2025 година, Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди воспостави контакт со советничката и иако таа одби да дојде во полициска станица, службени лица повторно извршија теренска посета. И овој случај се работи согласно пропишаните процедури, се вели во соопштението.

Од МВР посочуваат дека вчера, по инцидентот во Општина Чаир, Арсовска по укажаната лекарска помош се упатила во полициска станица, а исто така веднаш биле приведени и лицата кои биле посочени дека ја нападнале.

– Сепак, градоначалничката одби да потпише записник за примање на пријава и ги напушти просториите на полициската станица. Во јавноста повторно се обрати исклучиво преку социјалните мрежи, без да ги информира надлежните институции на соодветен начин. Во меѓувреме МВР во текот на денешниот ден поднесе кривична пријава против две лица С..Љ и С.Љ по член 386 став 3 од КЗ, за вчерашниот инцидент за нападот на градоначалничката Арсовска. Имајќи го предвид сето горенаведено, Министерството за внатрешни работи најостро ги отфрла сите обвинувања дека не постапува во случаите поврзани со Арсовска. Напротив, МВР професионално делува во секој поединечен случај, со целосна институционална транспарентност и во рамки на законски пропишаните овластувања, се вели во соопштението.

Со оглед на безбедносната проценка направена од АНБ, како што се наведува, градоначалничката Арсовска, како носител на јавна функција, ќе биде под 24-часовна полициска заштита, со цел да ѝ се обезбеди лична сигурност и непречено извршување на нејзините обврски.

Министерството уште еднаш апелира сите јавни функционери да соработуваат со институциите на системот и да не ја користат јавноста или медиумите како единствен канал за известување за потенцијални закани, туку најпрво да се обратат до надлежните органи, со цел навремено и ефикасно постапување. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија OJO бара притвор за напаѓачот на Арсовска
Следна Статија Мицкоски: Не очекувам поинаква реторика од источниот сосед, светот и Европа видоа која беше целта на бугарските политичари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Спасувале животи во „Пулс“ а сега имаат намалена плата поради боледување?!

Градоначалникот на Кочани Венко Крстевски во објава на Фејсбук открива дека медицински лица од ЈЗУ Општа Болница Кочани добиле намалена…

April 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Не сакам да коментирам приватни работи, одговори Филипче на прашањето дали бил на забава во Дубаи

Апсолутно не сакам да коментирам работи од мојот приватен живот, кусо одговори лидерот на СДСМ Венко Филипче на новинарско прашање…

November 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Томовски: Досега околу 700 службени возила обележани, да се почитува дадениот рок

Заклучно со вчера, до 16 часот, имаме околу 700 возила кои веќе се брендирани, обележани. Очекувам до последниот рок, 29…

September 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во Македонија има неверојатни 26 илјади модерни робови тврди Меѓународната организација на трудот

Во Македонија има неверојатни 26 илјади модерни робови тврди профилот Informal Economy кој се повикува на постар извештај од 2023…

July 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?