Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од идеја до бизнис со помош на државата, Владата обезбеди 40 милиони евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Од идеја до бизнис со помош на државата, Владата обезбеди 40 милиони евра
ЕКОНОМИЈА

Од идеја до бизнис со помош на државата, Владата обезбеди 40 милиони евра

Објавено June 14, 2025 15:50
Сподели
Сподели

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска престојуваше во Тетово каде што оствари работна посета и средба со граѓани, локални претприемачи и претставници на институции. Целта на посетата беше директна презентација на активните мерки за вработување кои се предвидени со Оперативниот план за 2025 година.

Овој план, кој се спроведува преку Агенцијата за вработување, е една од клучните алатки на Владата за зголемување на вработеноста и поттикнување на претприемништвото. За неговата реализација, во 2025 година се издвоени над 40 милиони евра, што претставува највисок досега буџет наменет за оваа цел.

„Преку Оперативниот план за вработување, државата првпат системски пристапува кон решавање на невработеноста – не само преку финансиска помош, туку и со структурна поддршка, менторство и обука. Граѓаните добиваат реална можност да започнат сопствен бизнис, да креираат работни места и да придонесат во локалната економија“, истакна министерот Дурмиши.

Во рамки на Планот за 2025 година, активни се три главни мерки за самовработување:

Мерка 1.1 – Финансиска поддршка до 7.000 евра за лица постари од 29 години кои сакаат да отворат сопствен бизнис. За работодавачите кои ќе вработат лице со попреченост, се предвидува дополнителна поддршка од 4.000 евра.

Мерка 1.2 – Поддршка до 10.000 евра за млади лица до 29 години кои имаат одржлива и иновативна бизнис-идеја.

Мерка 1А – Поддршка до 20.000 евра за формирање на заеднички бизнис од страна на најмалку две невработени лица.

Сите мерки се спроведуваат преку интегриран пристап, кој опфаќа: идентификација на потреби, професионално советување, обука, развој на бизнис-план, административна поддршка и менторство во првите 12 месеци од работењето.

„Наша цел е да изградиме економија базирана на знаење, иницијатива и локален развој. Овие мерки не се само финансиски поттик – тие се платформа за личен и професионален напредок. На младите не им велиме само да останат тука – туку им даваме услови за да успеат“, нагласи министерот Дурмиши.

Во рамки на теренската комуникација, министерот ќе продолжи со посети во повеќе општини – Гостивар, Кичево, Липково, Сарај и други – со цел директно информирање и вклучување на граѓаните во овие програми.

Аплицирањето за мерките веќе е започнато, а до крајот на вчерашниот ден се регистрирани над 2.500 апликации.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Младинците на Пелистер поразени во полуфиналето од ГОГ Гудме
Следна Статија Општина Центар планира да спушти рампа за возилата во Дебар маало: Проектот би траел 6 месеци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Зошто zlatoto i среброто доживуваат брз раст на цените

Историски рали на благородни метали додека глобалните инвеститори диверзифицираат надвор од американскиот долар, феномен познат како 'трговија на обез

January 28, 2026
ЕКОНОМИЈА

Минималната синдикална кошница за август изнесува 65.507 денари или 1.065 евра

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец август 2025 година изнесува 65.507,00 денари, што претставува зголемување од 179,00 денари во…

August 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Македонија се задолжи милијарда евра преку нова еврообврзница

Министерството за финасии на Република Македонија ја реализираше аукцијата за издавање на 10-тата Еврообврзница од 1 милијарда евра. Министерството одлучи…

January 14, 2026
ЕКОНОМИЈА

Славески: Mожна e корекција на основната каматна стапка ако има натамошни инфлациски притисоци

„Доколку има натамошни притисоци врз ценовното ниво, ќе реагираме со корекција на каматните стапки нагоре, но конечната одлука ќе зависи…

May 21, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?