Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од куќа во Гостивар украле злато и пари во вредност од 65.000 евра – полицијата ги фати
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Од куќа во Гостивар украле злато и пари во вредност од 65.000 евра – полицијата ги фати
ХРОНИКА

Од куќа во Гостивар украле злато и пари во вредност од 65.000 евра – полицијата ги фати

Објавено December 21, 2025 18:09
Сподели
Сподели

Полицијата успеа да го врати поголемиот дел од украдените пари и злато во вредност од вртоглави 65.000 евра, кои пред шест дена исчезнаа од дом во Гостивар. За тешката кражба осомничени и приведени се три лица на возраст од 24 и 27 години.

Акцијата за апсење се одвивала вчера попладне. Првично биле приведени две лица од Гостивар, А.З.(24) и М.З.(27), а подоцна и 24-годишната Н.И. од Тетово.

Клучниот момент во истрагата бил претресот во домот на првоосомничената А.З., каде полициските службеници ги пронашле украдените вредности.

Осомничените „оперирале“ на 14 декември во куќата на 58-годишниот Ф.М., од каде го изнеле вредниот плен.

„На 20.12.2025 во 18:20 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар, поради основано сомнение дека на 14.12.2025 година извршиле тешка кражба во куќа сопственост на Ф.М.(58) од Гостивар, при што биле одземени пари и златен накит во вредност од околу 65.000 евра, ги лишиле од слобода А.З.(24) и М.З.(27), двете од Гостивар. Подоцна, од слобода била лишена и Н.И. (24) од Тетово. Истиот ден, по претходно добиена судска наредба, бил извршен претрес во домот на А.З., при што биле пронајдени и со потврда одземени поголем дел од украдените пари и златен накит, кои ќе бидат вратени на сопственикот“, соопштија од МВР.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Несреќа во Кочани: Повредени четири лица, две од нив се малолетни
Следна Статија Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Aко поминете на зелено,но заглавите на раскрсница пак ќе добиете казна

Возачите во Скопје ќе мора да прават проценка пред да влезат во крстосница, дури и кога имаат зелено светло: ако…

February 20, 2026
ХРОНИКА

40-годишник ја грабнал и со тупаници ја удирал матурантка која се враќала од прослава

Основното јавно обвинителство – Битола поведе постапка против 40-годишен битолчанец, за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело –…

May 24, 2026
ХРОНИКА

Им нуделе донации, па на нивно име земале брзи кредити – Измамени сопружници од Струга

Сопружници од Струга биле измамени за сума од речиси 4.000 евра, откако им поверувале на измамници дека ќе донираат пари…

March 28, 2025
ХРОНИКА

Отворена истрага за убиството на Орхан Бајрам – Оки – осомничениот е припадник на нарко групата „Барон“

Скопското обвинителство отвори истрага за убиството на Орхан Бајрам – Оки, еден од водачите на криминалната група „Дуќанџик“ кој беше…

November 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?