Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од македонска страна преминот Маркова Нога ќе биде готов до есен, од грчка до 2028 година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Од македонска страна преминот Маркова Нога ќе биде готов до есен, од грчка до 2028 година
МАКЕДОНИЈА

Од македонска страна преминот Маркова Нога ќе биде готов до есен, од грчка до 2028 година

Објавено June 5, 2026 20:21
Сподели
Сподели

Граничниот премин Маркова Нога е стратешки проект за овој регион, но ќе додадам – стратешки проект и за Балканот затоа што сите заедно констатиравме дека Преспа е една од најубавите микролокации на Балканот и во Европа – истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за време на денешниот увид во градежните работи на македонско-грчкиот граничен премин Маркова Нога – Лемос.

Според министерот Тошковски, проектот за Маркова Нога е значаен за двете пријателски држави.

Преспа заслужува сите да вложиме максимум во рамките на капацитетите што ги имаме затоа што ова е стратешки проект кој ќе даде додадена вредност од повеќе аспекти за Преспа, за нашите две пријателски држави – нагласи Тошковски.

Граничниот премин од македонска страна ќе биде завршен во септември годинава, а според инвеститорите зададениот рок е 2028 година.

Овој регион е многу важен за сите вклучени страни и за Преспа е проект што ги заштитува природните богатства, а ќе придонесе и за меѓусебна соработка на двете страни кон економска размена и зближување на регионот. Активностите од другата страна треба да завршат во февруари 2028 година – истакна евроамбасадорот Михалис Рокас.

Во изјава за медиумите, Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП во земјата, истакна дека Преспанското Езеро е прекрасно езеро и одлично е што Светскиот ден на екологијата се одбележува токму тука.

Во оваа околност му се заблагодарувам на целиот тим, кој овозможи изградбата на проектот да достигне 60 проценти и заклучивме дека работите се придвижуваат кон својот крај – посочи Григорјан.

Граничниот премин Маркова Нога – Лемос е со сообраќајница во должина од 350 метри со четири ленти, придружни објекти и други стандарди за меѓународен граничен премин.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Доналд Трамп „дремеше“ во Овалната соба и се најде на мета на критики
Следна Статија Пријавите за семејно насилство зголемени за 70 % во однос на ланскиот мај

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Со пет награди македонските ученици се враќаат од Медитеранскиот СТЕМ натпревар во Атина

Со едно прво место, со награда за најдобро решение на понуден проблем, за најдобра соработка како тим, награда за најдобра…

April 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Вонредни инспекции на Детска клиника и во Козле ја бараат вината за смртта на 14-месечното дете

Државниот санитарен и здравствен инспекторат и стручна комисија формирана од министерот за здравство од утрово прават увид во Универзитетската клиника…

October 7, 2024
МАКЕДОНИЈА

Дворот на универзитетската библиотека „Свети Климент Охридски“ како буниште, обраснат во трева, ѓубре, човечки измет… (ВИДЕО)

Новинарот на Канал 5, Александар Видиновски, кој редовно објавува за катастрофалната состојба во која се наоѓа Скопје во однос на…

August 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Штип, Кратово, Крива Паланка, Валандово меѓу 21 општина каде изборите би можеле да завршат уште в недела

Штип, Кратово, Крива Паланка, Валандово, Делчево се меѓу 21 општина со по двајца кандидати за градоначалник и најверојатно таму граѓаните…

October 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?