Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од ноќеска, дизелот поевтинува за четири денари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Од ноќеска, дизелот поевтинува за четири денари
ЕКОНОМИЈА

Од ноќеска, дизелот поевтинува за четири денари

Објавено May 11, 2026 13:34
Сподели
Сподели

Дизел горивото од ноќеска на полноќ поевтинува за 4 денари по литар, а цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,78 отсто.

 

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) е 89,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 86,5, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува и останува 85 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 4,5 денари се намалува и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и ќе изнесува 94 денари. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, пак, се зголемува за 0,248 денари и ќе биде 49,968 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,444 отсто, кај дизелот за 6,073 и кај екстра лесното масло за 6,495 отсто, додека кај мазутот има зголемување за 0,791 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1199 отсто. Напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати и додаваат дека трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Во најголем дел од бензинските пумпи во земјава дизелот се продава за три, а бензините за два денари пониско од максимално уптврдената цена од РКЕ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Казна од 20.000 евра за незаконско фрлање на отпад во Долно Лисиче,
Следна Статија Само овој голман му има одбрането два пенали на Марадона

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Дефинирани се цените и производите опфатени со новогодишната кошничка

Веќе се дефинирани производите што ќе бидат опфатени со новогодишната кошничка, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Како што изјави Мицкоски,…

November 9, 2024
ЕКОНОМИЈА

Проверете си ги сметките, почна исплатата на „Мој ДДВ“

Започна исплатата на Мој ДДВ за третото тромесечје од годинава.  Висината на средствата кои ќе им „легнат“ на сметка на…

November 12, 2024

Златото достигна нов врв, преминувајќи 5.000 долари за унца

Зголемувањето доаѓа поради растечки геополитички ризици и фискални загрижености низ светот

January 27, 2026
ЕКОНОМИЈА

Филипче: СДСМ нема да го гласа Буџетот со кој Владата ќе го зголемува долгот и партиски ќе вработува во администрацијата

Овој буџет не може и не смее да биде поддржан, затоа што со вакви политики, Владата само ќе ја задолжува…

November 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?