Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од октомври 500 евра минимална плата во Србија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Од октомври 500 евра минимална плата во Србија
БАЛКАН

Од октомври 500 евра минимална плата во Србија

Објавено July 15, 2025 13:22
Сподели
Сподели

Преговорите за зголемување на минималната плата во Србија за следната година ќе почнат кон крајот на август или почетокот на септември, објави денеска српскиот министер за финансии Синиша Мали.

Со тоа зголемување, минималната плата од 1 јануари 2026 година би изнесувала 550 евра, изјави Мали по состанокот на Социјално-економскиот совет, каде што беше одлучено минималната плата од 1 октомври оваа година да биде вонредно зголемена за 9,4 проценти, од 53.592 на 58.630 динари, односно од 450 на 500 евра.

Цената на еден работен час ќе биде зголемена од 308 на 337 динари.

Мали рече дека целта на Владата на Србија е минималната плата од 1 јануари 2028 година да биде 650 евра.

Со вонредното зголемување на минималната плата оваа година и редовното зголемување од 1 јануари следната година, кумулативниот раст ќе биде 20,4 проценти, а неоданочливиот дел од приходите ќе се зголеми за толку, од 28.423 на 34.322 динари, објави тој.

Даночното оптоварување на платите ќе се намали на 59,7 проценти, а минималната плата на 55,6 проценти.

Претседателката на СЕС и министерка за труд, Милица Ѓурѓевиќ, изјави дека одлуката за вонредното зголемување на цената на трудот е резултат на социјалниот дијалог во Србија и дека е донесена едногласно. Таа рече дека околу 90.000 работници во Србија сега примаат минимална плата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Новитет: Автомобил ќе може да се регистрира низ цела држава, не само во близина на МЕСТО НА ЖИВЕЕЊЕ
Следна Статија Три месеци затвор за скопјанецот што го малтретираше и уби Феликс, за соучесникот казна 1000 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Цистерни полни со нафта излетаа од шини кај Косјериќ

Две цистерни полни со нафта се излетаа од шини синоќа на железничката пруга Ваљево-Косјериќ близу местото Ражана, објавија локалните медиуми.…

September 28, 2025
БАЛКАН

Франција го сопре чекорот на Црна Гора кон ЕУ: Блокирани две поглавја

Црна Гора повторно доби ладен туш од Париз во момент кога во Подгорица се броеја денови до новиот „европски исчекор“.…

December 13, 2025
БАЛКАН

(ФОТО) Студентка пропаднала низ подот од читалната на Правниот факултет во Белград

Студентка од Правен факултет паднала низ подот од читална, а фотографиите на социјалните мрежи покажуваат дупка на таванот од училницата…

October 31, 2024
БАЛКАН

Јанша поднесе кандидатура за премиер на Словенија

Претседателот на Словенечката демократска партија (СДС), Јанез Јанша, денеска е официјално предложен за мандатар за состав на новата словенечка влада,…

May 19, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?