Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Три месеци затвор за скопјанецот што го малтретираше и уби Феликс, за соучесникот казна 1000 евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Три месеци затвор за скопјанецот што го малтретираше и уби Феликс, за соучесникот казна 1000 евра
ХРОНИКА

Три месеци затвор за скопјанецот што го малтретираше и уби Феликс, за соучесникот казна 1000 евра

Објавено July 15, 2025 13:40
Сподели
Сподели

Основниот кривичен суд во Скопје ги прогласи за виновни Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиство на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици на нанесените повреди.

Според обвинителниот акт, на 19 ноември 2024 година, Крстевски, користејќи тврд предмет налик на стап, го удрил во повеќе наврати Феликс во пределот на главата без оправдана причина, нанесувајќи му потрес на мозокот и хематоми. Заедно со Билбиловски, го врзале кучето со жица и го влечеле до контејнер, каде што го фрлиле, верувајќи дека е мртво.

Судот го осуди Крстевски на три месеци затвор, а Билбиловски доби парична казна од сто дневни глоби, со вредност од 10 евра по глоба, во вкупен износ од 1.000 евра.

Делото е квалификувано според член 233 став 1 од Кривичниот законик, кој предвидува парична казна или затвор до три години за оној што ќе усмрти животно без причина или ќе го изложи на непотребни маки и болки.

Судењето го водеше судијката Лидија Петровска, а застапник на обвинението беше јавниот обвинител Зоран Здравев.

Ова е прва пресуда со затворска казна за овој вид кривично дело. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од октомври 500 евра минимална плата во Србија
Следна Статија СДСМ не може да најде кандидат за градоначалник за Скопје, ги одбил и Ралев и еден скопски адвокат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Бoки 13 останува на слобода, лекари потпишале дека во затвор нема услови да се лекува

Болеста на осудениот Бојан Јовановски-Боки 13 не може да се третира во затвор бидејќи нема терапија, ниту услови, тој е…

December 12, 2024
ХРОНИКА

(ВИДЕО) „БМВ“ изгоре на влезот во Тетово

Автомобил „БМВ“ попладнево изгоре на автопатот Скопје-Тетово, на влезот во Тетово, јавува ТВ „21“. Телевизијата неофицијално дознава дека автомобилот се движел во…

March 31, 2025
ХРОНИКА

Царина: Запленети моторцикл, игли за тетоважи, цигари и фалсификувана лиценца

Царински службеници во Царинската испостава Струмица запленија моторцикл Априлиа откако по поднесената увозна декларација со сите пропратни документи било увидено…

June 17, 2025
ХРОНИКА

Заклучена и испрскана во очи со средство за чистење: Вработена доживеала хорор во велешката болница

Вработена во здравствена установа во Велес преживеала вистински хорор на своето работно место, откако колега ја заклучил во просторија, ја…

October 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?