Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од полноќ почнува кампањата за Локалните избори 2025
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Од полноќ почнува кампањата за Локалните избори 2025
ПОЛИТИКА

Од полноќ почнува кампањата за Локалните избори 2025

Објавено September 28, 2025 08:51
Сподели
Сподели

Од денеска на полноќ почнува 20-дневната кампања за Локалните избори 2025 што ќе се одржат на 19 октомври (втор круг на 2 ноември).

Локалните избори на 19 октомври годинава ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. На Локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати.

Државната изборна комисија на седница во петокот го заклучи Избирачкиот список на кој се запишани вкупно 1.832.415 избирачи.

Претседателот на ДИК Борис Кондарко, информираше дека согласно евиденцијата на надлежните органи право на глас имаат вкупно 112.000 избирачи кои се на привремена работа или престој во странство, 2.162 избирачи кои се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор и 450 избирачи од домовите за стари лица.

Увидот во избирачкиот список траеше 20 дена, во кои граѓаните со право на глас можеа да ги проверат своите податоци и бараат корекции.

Во државата се констатирани 3.480 избирачки места, од кои во 132 избирачки места се потпишани помалку од десет избирачи, на кои гласањето ќе биде спроведено на најблиското избирачко место.

Вкупниот буџет за одржување на локалните избори 2025 изнесува 9 милиони 760 илјади евра, од кои две третини се пари наменети за медиумите и платеното политичко рекламирање. Дополнително на овие пари е и сумата за надоместоците на членовите на избирачките одбори и транспортот и дистрибуцијата на членовите на ИО и избирачкиот материјал од ОИК до избирачките места каде што ќе се гласа, бидејќи тие ги обезбедуваат локалните самоуправи.

Според Изборниот законик, локалните избори се одржуваат на секои четири години во втората половина на октомври. Локалната самоуправа е организирана во 80 општини и Градот Скопје како посебна единица на локалната самоуправа. Во состав на Градот Скопје функционираат 10 општини, кои имаат поделени надлежности со Градот. Изборите ги распишува претседателот на Собранието со донесување акт што се објавува во Службен весник. Изборите се одржуваат најрано 70, а најдоцна 90 дена од денот на распишување на изборите.

Локални избори во Македонија се одржале во 1996, 2000, 2005, 2009, 2013, 2017 и 2021 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Осветување на храмот „Свети Константин и Елена“
Следна Статија Русија изврши масовен ракетен и беспилотен напад врз Киев и други украински градови, има многу жртви

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: Без разлика на етничката, верската и политичката припадност, на 2 ноември да се обединиме во Кичево за вредностите кои ги застапува Александар

По вториот круг очекувам 59 градоначалници да има коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со што ќе ја заокружиме највисоката бројка во…

October 29, 2025
ПОЛИТИКА

Перински: Нема законска можност општините да финансираат албанска академија на науките

Министерот за локална самоуправа Златко Перински во интервју за МИА, коментирајќи ги најавите на четирите општини Тетово, Гостивар, Желино и…

October 19, 2024
ПОЛИТИКА

ЗНАМ: ВРЕДИ го изигра ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Никола Мемов, кој воедно е и директор на Фондот за пензиско и…

November 4, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Дали со Британија е договорено отворање мигрантски кампови во Македонија

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска на прес-конференција побара премиерот Христијан Мицкоски јавно да одговори дали за време на посетата…

October 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?