Обвинителката Жаклина Јосифовска на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски го читаше исказот на обвинетиот Велибор Манев дадено по неговото апсење. Тој, како и денеска, така и во 2023 година во исказот изјавил дека мислеле дека лицето што го киднапирале е возрасна жена, а не дете.
Според неговите зборови, кога застанеле да здивнат, виделе дека е дете.
На Палчо не му се веруваше дека е дете, иако од неа разбра кој ѝ кои се родители. Му предложив да ја пуштиме.
Ми врати: „Мораме да се ослобидиме. Така ќе бидеме посигурни“. Со истиот пиштол што го уби девојчето го уби и Панче, рекол Манев на 6.12 2023 година.
Манев рече дека тој ја избрал локацијата за земунуницата во која беше закопан Жежовски и дека ја ископал со помош на Влатко Кешишев. Тоа било дури една година пред убиството на Жежовски.
Не претоставував дека таа ќе биде искористена за убиство. Требаше да го спуштиме и да стои таму додека не завршиме со втората работа, кажал Манев во исказот.