Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Уставен суд поведе постапка за Методологијата за Пописот 2021
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Уставен суд поведе постапка за Методологијата за Пописот 2021
МАКЕДОНИЈА

Уставен суд поведе постапка за Методологијата за Пописот 2021

Објавено March 12, 2025 17:53
Сподели
Сподели

Уставниот суд со мнозинство гласови одлучи да поведе постапка за оспорените одредби од Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2021 година.

Како што соопштија од Судот, мнозинството судии оспорените одредби ги стави под сомнеж за нивната законитост а преку тоа и нивната уставност, бидејќи основано се појави сомнеж дали директорот на Државниот завод за статистика имал законски основ за донесување на оспорените одредби односно дали ги пречекорил своите овластувања и без законски основ во подзаконски акт уредувал (materia legis) законска материја.

Доколку во втората фаза, како што велат од Судот, се потврди сомнежот тоа би значело повреда на правната сигурност како фундаментален принцип на владеењето на правото и повреда на начелото на поделба на власта, бидејќи се ставил во улога на законодавец.

Подносителот на иницијативата Скендер Реџепи смета дека содржината на Методологијата има категории на населението за кои ќе се обезбедат податоци со пописот, односно категорија „вкупно резидентно население” и „вкупо нерезидентно население”, што не се предвидени во членот 6 став 1 алинеја 1, или пак со член 17 став 2 алинеја 1 од Законот за попис на населението не е предвидено директорот на Заводот за статистика да предвидува посебни категории.

Според подносителот со оспорените одредби се повредува владеењето на правото како темелна вредност на уставниот поредок и се создава правна несигурност.

Дополнително, подносителот во иницијативата наведува дека е повредена еднаквоста на граѓаните како уставно загарантирана со членот 9, бидејќи само поради фактот дека некој граѓанин не се наоѓа во државата додека се вршел Пописот, му се скратуваат одредени права, меѓу кои и правото на вработување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Прилепчанец нападнал медицинска сестра додека му пружала помош
Следна Статија „Од тато не барај пари, тој не нè сака, мама душата ќе ја даде“ му рекла Вања на Палчо

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Воскреснатиот Исус прво им се јавил на Марија Магдалена и жените кои дошле на празниот гроб, а не на Петар и апостолите

Така, во Матеј (28, 8-10) се вели дека “Марија Магдалена и другата Марија излегоа брзо од гробот, тие со страв…

April 12, 2026
МАКЕДОНИЈА

Патот кон ХЕЦ Козјак затворен поради голомразица

Надлежните служби ја информираат јавноста дека патниот правец кон ХЕЦ Козјак е затворен за сообраќај поради појава на голомразица. Се…

January 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Единаесет години од „Диво насеље“ – Куманово се сеќава на загинатите херои

Денеска се навршуваат 11 години од вооружената престрелка во кумановската населба „Диво насеље“, еден од најтешките безбедносни настани во поновата…

May 9, 2026
МАКЕДОНИЈА

Тошковски бил опериран, се јави од болница

Министерот Панче Тошковски, кој во последниот период видливо отсуствуваше од јавноста, се јави денес од болница. На својот Фејсбук профил…

November 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?