Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вишокот од пет илјади наставници ќе добијат поголем ангажман, неопходни обуки, но и повисоки плати, вели Јаневска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Вишокот од пет илјади наставници ќе добијат поголем ангажман, неопходни обуки, но и повисоки плати, вели Јаневска
МАКЕДОНИЈА

Вишокот од пет илјади наставници ќе добијат поголем ангажман, неопходни обуки, но и повисоки плати, вели Јаневска

Објавено December 28, 2024 10:32
Сподели
Сподели

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, најави низа промени кои ќе влијаат на функционалноста на наставниците и образовниот систем во целост. И покрај зголемувањето на бројот на наставници кои се вишок, од 3.000 на 5.000, Јаневска уверува дека тие немаат причина за страв.

– Во иднина, ќе мора да ги направиме овие наставници функционални. Ова подразбира поголем ангажман, подолг престој во училиштата, и за тоа ќе добиваат повисоки плати. Ќе се организираат и обуки кои се неопходни за подобрување на нивните компетенции – истакна Јаневска во интервју за ТВ Телма.

Целодневната и едносменската настава, како и зајакнувањето на институции како Бирото за образование и Државниот просветен инспекторат, ќе отворат нови можности за вклучување на наставниците.

– Од контактите што ги имам, наставниците се спремни за овие промени, исто како и Министерството, а гледаме позитивна волја и од Владата – додаде Јаневска.

Јаневска потврди дека во Собранието се донесени неколку значајни закони, вклучувајќи ги оние за основно и средно образование, учебници и образование на возрасни. Дополнително, таа истакна дека е отстранет членот за заменски наставници за време на штрајк, што претставуваше една од најпроблематичните одредби за наставниците.

– Оваа промена не само што ги задоволува наставниците, туку и мене лично, бидејќи се согласувам со нивните ставови – истакна министерката.

Јаневска потврди дека Министерството за образование и наука ќе префрли средства на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за да се подмири долгот за електрична енергија.

– Со новиот буџет за 2025 година, ќе ги обезбедиме потребните средства, бидејќи Законот за високо образование предвидува дека трошоците за струја на универзитетите треба да ги покрива МОН – рече таа, додавајќи дека се планираат измени на законот кои ќе овозможат подобро регулирање на овие трошоци.

Министерката потенцира дека универзитетите располагаат со сопствени средства, кои во иднина можеби ќе се користат и за дел од режиските трошоци.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Крвава босанска одмазда по десет години – татко му пресудил на убиецот на неговиот син
Следна Статија Кафето полека станува луксузна стока: Цената се зголемува, продажбата во опаѓање

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Дрин Ахмети: Добив пари од Фондот за иновации за печатач

Фирмите на Дрин Ахмети добиле два проекти од Фондот за иновации. Една од иновациите е печатач, објаснува Ахмети во интервјуто…

January 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кошта: Иднината на Македонија е во Европската Унија

Долга, но многу конструктивна посета и разговор. Вака претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, ја оцени средбата која ја имаше…

May 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скоро 1000 бесправно изградени објекти се регистрирани лани во Македонија

Во Македонија, вкупно 911 бесправно изградени објекти се регистрирани во текот на 2025 година, според податоците објавени од Државниот завод…

July 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Кој е Артан Ајрули и фирмите преку чии тендери се крадело од Лотарија

Управата за финансиска полиција вчера поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против неколку лица и правни субјекти за…

December 27, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?