Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Крвава босанска одмазда по десет години – татко му пресудил на убиецот на неговиот син
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Крвава босанска одмазда по десет години – татко му пресудил на убиецот на неговиот син
БАЛКАН

Крвава босанска одмазда по десет години – татко му пресудил на убиецот на неговиот син

Објавено December 28, 2024 12:20
Сподели
Сподели

36-годишен жител на село кај босанскиот град Травник е убиен вчера, а ден по убиството, се дознало дека станува збор за крвна одмазда – убиениот и самиот пред десетина години извршил убиство, а вчера нему му пресудил таткото на жртвата, јавуваат локалните медиуми.

Според информациите со кои располага порталот „Кликс“, по вчерашното убиство, бил уапсен осомничен, за кој било утврдено дека е таткото на млад човек кој бил убиен со нож пред својот дом во 2014 година, во друго село во близина на Травник.

Пред десет години Ајдин Клепиќ (20) бил прободен со нож во градите од Мирнес Захировиќ, додека неговиот татко Недим Клепиќ се здобил со полесни повреди. Судскиот епилог на тој случај тогаш предизвикал бурни реакции во јавноста бидејќи Захировиќ ја признал вината и добил казна од само три и пол години затвор. По изрекувањето на правосилната пресуда, тој бил целосно ослободен, а семејството Клепиќ тогаш судската одлука ја нарекло „срамна“. Во годините што следеа, семејството повеќепати поднесувало жалби и претставки за работата на судот и обвинителството, но пресудата не била променета.

Според извори блиски до истрагата, таткото на убиеното момче никогаш не успеал да ја преболи загубата на синот, ниту фактот дека насилникот добил лесна казна. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи на Централниот босански кантон, тој синоќа со автоматска пушка го застрелал 36-годишниот Захировиќ, кој починал на самото место.

Осомничениот Недим Клепиќ по убиството избегал, но по неколку часа бил пронајден и уапсен, велат од полицијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонија останува закована на дното по висината на платите споредени со регионот
Следна Статија Вишокот од пет илјади наставници ќе добијат поголем ангажман, неопходни обуки, но и повисоки плати, вели Јаневска

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Хорор во регионот: Мајка се породила и го фрлила бебето во тревник, ја пронашле крвава на влез од зграда

Припадници на Министерството за внатрешни работи во Нови Сад ќе поднесат кривична пријава против М. К. (39) од овој град,…

October 20, 2025
БАЛКАН

Во Хрватска испраќаат лажен багаж, а продолжуваат во други земји: На работниците од оваа земја им ги стопира визите

Хрватска веќе го суспендираше или го отежна, но и се закани со прекин на издавањето визи и работни дозволи за…

January 29, 2025
БАЛКАН

Ужас во Србија: Се сруши конструкција на железничка станица во Нови Сад, има повредени, меѓу нив и деца

Дел од главната железничка станица во српскиот град Нови Сад, се сруши утрово, при што повредени се неколку лица, меѓу…

November 1, 2024
БАЛКАН

Раправијата во кафаната во Цетиње почнала поради бадниково дрво

Аца Мартиновиќ (45) од Цетиње, кој на 1 јануари уби 12 жртви, меѓу кои две деца на возраст од 9…

January 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?