Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне претежно во северните делови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот ветерот ќе го промени правецот во северен.
Од утре ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Дневните температури до 35 степени, во Битола до 33.
Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер. Дневната температура до четврток ќе биде во опаѓање, а од петок во постепен пораст.