Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вевчанци: ДУИ со мувата на капата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Вевчанци: ДУИ со мувата на капата
МАКЕДОНИЈА

Вевчанци: ДУИ со мувата на капата

Објавено January 15, 2025 18:20
Сподели
Сподели

Вевчани остро ги осудува обвинувањата од партијата ДУИ за маската која привлече внимание на Вевчанскиот карневал, нарекувајќи ги целосно неосновани и политички мотивирани. Според Вевчанци, маската која предизвика контроверза е инспирирана од популарните зомби филмови и нема никаква врска со Зијадин Села или каква било политичка алузија.

-Оваа маска е дел од креативноста на учесниците, кои избраа тема од поп-културата. Нема апсолутно никаква политичка конотација, категорично наведуваат од фејзбук страната Мое Вевчани.

Од Мое Вевчани ги обвинуваат ДУИ за селективност и лицемерие, истакнувајќи дека партијата останала немирна кога на карневалот се појавија маски кои директно ги исмеваат корупциските скандали и криминалните активности на нивните функционери. „Каде беа ДУИ кога се исмеваше нивниот ‘фудбалски тим’ кој играше по канцеларии, алудирајќи на нивната непрофесионалност и злоупотребите? Тогаш молчеа, а сега најдоа простор да се навредат од една зомби маска, потенцираат од Вевчани.

Вевчанци истакнуваат дека Вевчанскиот карневал има повеќедецениска традиција како културен симбол на слободата и сатиричната критика, и порачуваат дека нема да дозволат политички манипулации врз нивниот настан. „ДУИ можеби се нервозни поради својата ослабена позиција, но нема да дозволиме да го користат Вевчанскиот карневал за свои ниски цели,“ порачуваат тие.

Карневалот, како што додаваат, ќе продолжи да биде простор за сатира и креативност, а не за политичко профитирање.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Жељазаков прифати да биде мандатар на новата бугарска влада
Следна Статија Дирекцијата за заштита и спасување без план во случаи на поплава или земјотрес, а во случај на пожар има само еден активен пилот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Триесет милиони денари, три стана, земјиште и возила: Замрзнат имот во Србија и Македонија на Борче Марковски, осомничен за злоупотреби во РЕК Битола

Српските власти го прифатија барањето на Основното јавно обвинителство Битола, преку Канцеларијата за поврат на имот во Јавното обвинителство на…

October 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ристовски: Пропустите се резултат на неспособноста на една градоначалничка и на одговорните луѓе во МОК!

Министерот за спорт Борко Ристовски, одговори на обвинувањата од страна на Град Скопје дека цела година МОК и Министерството за…

July 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонија е коспонзор на американската резолуција во ОН за Украина

САД денес поднесуваат нацрт-резолуција во ОН што користи помалку критички јазик кон целосната инвазија на Русија врз Украина од нацрт-резолуцијата…

February 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Никој нема против албанскиот јазик, но треба да се знае дека официјалниот јазик во оваа држава е македонскиот, рече Мицкоски

Официјален јазик на целата држава е македонскиот и неговото кирилско писмо – изјави премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница одговарајќи…

March 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?