Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Жељазаков прифати да биде мандатар на новата бугарска влада
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Жељазаков прифати да биде мандатар на новата бугарска влада
БАЛКАН

Жељазаков прифати да биде мандатар на новата бугарска влада

Објавено January 15, 2025 18:01
Сподели
Сподели

Росен Жељазков, кандидатот за бугарски премиер на најголемата пратеничка група, денеска прифати да формира влада, по предвремените избори во октомври.

Жељазков за мандатар е предложен од ГЕРБ-СДС. Тој пред претседателот на Бугарија, Румен Радев, го претстави предлог составот на својот кабинет. Радев уште денеска ќе го достави до Парламентот за изјаснување на Указот за избор на Жељазков за премиер.

– Целта на нашите консултации беше да се постигне поширок консензус. Направивме големи напори, понекогаш работејќи до доцните часови, за да ги постигнеме потребните компромиси, договор што е апсолутно неопходен, истакна Жељазков.

Предложени се тројца вицепремиери, Томислав Дончев од ГЕРБ, Атанас Зафиров од Бугарската социјалистичка партија (БСП) и Гроздан Караџов од партијата Има таков народ, како и 19 министри.

Коалицијата ГЕРБ-СДС според овој предлог ќе има 11 министри, БСП – Обединета левичарска партија ќе има пет претставници во владата, а Има таков народ ќе има четворица.

ГЕРБ на изборите во октомври, седми во изминатите четири години, освои најмногу гласови околу 25 проценти, но не успеа да формира влада.

Најдоцна 30 дена од потпишувањето на договорот за парламентарно мнозинство, ГЕРБ-СДС, БСП-Обединета левичарска партија и Има таков народ треба да подготват и потпишат заедничка законодавна програма. Ова е предвидено во текстот на договорот за формирање парламентарно мнозинство за спроведување програма за управување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На „Фејсбук“ има лажен профил на Филипче со несоодветни содржини, алармираат од СДСМ
Следна Статија Вевчанци: ДУИ со мувата на капата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Сараево денеска има најзагаден воздух во светот, прогласена тревога

Владата на кантонот Сараево прогласи денес состојба на тревога поради исклучително загадениот воздух, бидејќи според податоците на Светскиот индекс на…

January 21, 2025
БАЛКАН

Го убил, па се обидел да го расече на парчиња – тешко злосторство во БиХ

Во Високо во Федерацијата Босна и Херцеговина синоќа се случи брутално убиство кога млад човек убил друг млад човек, а…

March 10, 2025
БАЛКАН

Едно дете починало, повеќе се повредени во нападот во основното училиште во Загреб

Едно дете им подлегнало на повредите здобиени во утринскиот напад во основно училиште во Загреб, Хрватска, јавува „Јутарњи лист“, повикувајќи…

December 20, 2024
БАЛКАН

Хрватскиот вицепремиер кој пукаше од возило поднесе оставка

Вицепремиерот и министер за земјоделство на Хрватска Јосип Дабро синоќа поднесе оставка откако во јавноста протече видео на кое се…

January 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?