Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од утре стартува ноќната забрана за фрлање отпад – инспекторите ќе работат 24 часа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Од утре стартува ноќната забрана за фрлање отпад – инспекторите ќе работат 24 часа
МАКЕДОНИЈА

Од утре стартува ноќната забрана за фрлање отпад – инспекторите ќе работат 24 часа

Објавено November 16, 2025 18:48
Сподели
Сподели

Од утре стапува во сила забраната за изнесување отпад по 22 часот, мерка што Град Скопје ја воведе со цел да се воспостави ред во управувањето со сметот и да се спречат злоупотребите на контејнерите. Контролата ќе ја вршат комуналните инспектори и редари, кои од утре ќе работат во три смени, односно 24 часа.

Градот располага со 20 комунални инспектори и 20 комунални редари, кои ќе бидат постојано на терен. Главната цел на акцијата, како што наведуваат надлежните, е да се утврди каде правните и угостителските субјекти го одложуваат отпадот.

„Веднаш по утрешното објавување на одлуката во Службен весник, инспекторите ќе добијат нов распоред за тросменско работење. Ќе бидат вклучени сите комунални инспектори и комунални редари, а прекршоците ќе ги констатираат на лице место“, изјави новиот директор на „Комунална хигиена“, Драги Митковски за Сител ТВ.

Тој појасни дека доколку се најде поголемо количество отпад, ќе следи подетална контрола кај правните лица. Казната за физички лица останува 50 евра, а за правните субјекти се движи од 1.300 до 1.800 евра.

Целта на мерката е угостителските објекти и фирмите да престанат да ги преполнуваат контејнерите наменети за домаќинствата и отпадот да се собира поефикасно и навремено.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Бурата Клаудија усмрти три лица во Португалија, а предизвика поплави во Велика Британија
Следна Статија Турција уапси десетмина осомничени меѓу нив и двајца приведени во Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

УХМР: Не очекува потопло и посушно лето

Летово се очекува да биде значително потопло и посушно од многугодишните просечни вредности. Во државата постои многу голема веројатност за…

June 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

ВИДЕО: Со највисоки почести пречекана владината делегација предводена од премиерот Мицкоски во Приштина

Со интонирање на македонската, а потоа и на косовската химна, со највисоки почести денеска во Приштина беше пречекан премиерот Христијан…

November 18, 2024
МАКЕДОНИЈА

Митева: Кабинетот на Мицкоски е во континуирана комуникација со семејствата на настраданите во пожарот во Кочани

Портпаролката на Владата, Марија Митева, денеска во рамки на трибината „Кочани е нашиот приоритет“, посочи дека лица од Кабинетот на…

June 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ученик во „Јан Амос Коменски” го тепа цело одделение, ја нападнал и гризнал наставничката

Речиси цела паралелка во 4-то одделение во основното училиште ,,Јан Амос Коменски” во Карпош ја бојкотира наставата поради насилен ученик.…

May 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?