Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од шести кат падна лажното обвинение против Хајрулахи: Неговата секретарка призна дека од него нема чуено заканувачки зборови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Од шести кат падна лажното обвинение против Хајрулахи: Неговата секретарка призна дека од него нема чуено заканувачки зборови
МАКЕДОНИЈА

Од шести кат падна лажното обвинение против Хајрулахи: Неговата секретарка призна дека од него нема чуено заканувачки зборови

Објавено October 8, 2025 08:31
Сподели
Сподели

Евтината оговарачка сапуница, што се случила во зградата на Јавното обвинителство и која им послужила на штипската обвинителката Татјана Кацарова и на државниот обвинител Љупчо Коцевски, да конструираат случај на мобинг против суспендираниот виш јавен обвинител Мустафа Хајрулахи, се распрсна во меури во Основниот граѓански суд Скопје на 3 октомври годинава, пишува во својата колумна за Плусинфо, Бранко Героски.

Калинковска и пред Кацарова призна дека не чула ништо од шефот, ама…
Да се потсетиме. На 9 септември годинава беше објавено дека „по целосно спроведена истражна постапка и обезбедени докази, Основното јавно обвинителство Штип поднесе обвинение против едно лице за пет кривични дела – Малтретирање во вршење на службата од член 143, како и кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 1 од Кривичниот законик“. Јавноста беше скандализирана од приказната, според која обвинетиот Хајрулахи, во периодот од септември 2023 година до 24 октомври 2024 година, како службено лице Виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје, во службените простории и при вршење на службата, во текот на работното време, наводно „се заканувал и вршел континуирано психичко насилство врз пет вработени жени, со цел да им нанесе душевна болка преку понижувачко постапување“.

Во обвинението против Хајрулахи се тврди дека тој, користејќи ја неговата службена хиерархиска надреденост, во повеќе наврати грубо им се заканувал дека има моќ и може веднаш да ги избрка од работа, дека „ќе ги дигнел на клоци“, „ќе ги фрлел од шести кат“, „ќе ги ставел во притвор и под посебни истражни мерки“. Дел ги навредувал дека „му го грделе обвинителството“ и им забранувал да комуницираат меѓу себе и со други вработени.

Целата колумна на Плусинфо

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Енис Барди стана татко
Следна Статија Костадинов: Барам поддршка за нов мандат за продолжување на развојот и инвестициите во Валандово

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Ние сме една од ретките земји што имаат стратешко партнерство со САД

За време на работната посета на Австралија, дадов две интервјуа за најголемиот австралиски јавен сервис SBS, на македонски и англиски…

February 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Барањето за уставни измени нема ништо заедничко со Копенхашките критериуми

Нашиот пат кон Брисел наликува на маратон, маратон за кој понекогош мислам дека може да се прашаме „дали го чекаме…

September 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денеска почнува летото, најдолгиот ден во годината

Летото на северната хемисфера, а со тоа и во Македонија, календарски започнува денеска, на 21 јуни, во 10 часот и…

June 21, 2026
МАКЕДОНИЈА

Имаме најниски плати во регионот, се пожалија од здруженијата на судиите и на јавните обвинители

Здружението на судии на Република Македонија реагира на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска изјави дека чувствува мачнина од…

September 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?