Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од наредната година почнува примената на Законот за сезонска работа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Од наредната година почнува примената на Законот за сезонска работа
ЕКОНОМИЈА

Од наредната година почнува примената на Законот за сезонска работа

Објавено December 8, 2025 18:14
Сподели
Сподели

Од први јануари почнува примената на Законот за работно ангажирање лица кој ја регулира областа на сезонското ангажирање и се очекува да влијае на намалувањето на сивата економија, најавува заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески.

Ристески посочува дека во земјава за првпат се воведува ваков закон и дека опфатени ќе бидат студенти, пензионери, невработени, самовработени лица кои може дополнително да заработат, без да ги загубат бенефитите. Опфатени се областите: угостителство, земјоделство и услужни дејности.

– Законот за работно ангажирање лица или, популарно речено, за сезонски вработувања ќе почне да се применува од први јануари 2026 година. Овој закон е револуционерен и за првпат се носи во нашата држава. Со овој закон се овозможува вработување на невработени, вработени лица, на студенти, пензионери. Сите овие лица кои ќе бидат работно ангажирани нема да ги изгубат бенефитите: пенционерите нема да го загубат пензионерскиот статус, студентите- студентскиот, а невработените нема да ги загубат социјалните бенефити. Овој закон е од голема важност и овозможува овие лица да бидат работно ангажирани во три области: во земјоделството, угостителството и во услужните дејности, вели Ристески.

Се очекуваат големи придобивки од законот, а најмногу во намалувањето на сивата економија.

– Со Законот ќе се интензивира борбата со неформалната екномија, односно, работата „на црно“. Ќе има мобилна апликација со која сите работодавци кои ќе ги ангажираат овие лица ќе може во моментот да ги пријавуваат и да ги одјавуваат и, секако, со тоа ќе се овозможат дополнителни приноси за луѓето кои ќе сакаат дополнително да бидат ангажирани за подобрување на економската состојба и на други бенефити, вели Ристески.

Според законот, ангажирањето годишно може да биде од 120 до 180 дена, зависно од дејноста или максимамално до 15 дена во месецот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Орбан: Брисел се подготвува за војна до 2030 година
Следна Статија Пронајдено е беживотно машко тело во Охрид – лицето беше пријавено за исчезнато на 4 декември

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Почнува летниот ред на летање, 54 редовни дестинации, чартер од Манчестер, Анталија, Хургада…

Со летниот распоред на летање што стапува во сила од полноќ, од Скопскиот аеродром ќе летаат 16 авиокомпании до 47…

March 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Успеавме да го откочиме еден од најголемите и најзаглавените инфраструктурни проекти

Премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на пуштање во употреба на дел од автопатот Кичево – Охрид, во должина од 20 километри.…

July 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Почна изградбата на гасоводен интерконектор со Грција

Започна реализацијата на гасниот интерконектор со Грција, во должина од 66,7 километри, кој се протега од Гевгелија до Неготино. Овој…

July 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Средба на гувернерот Славески со амбасадорката на Јапонија во земјава, Нејзината Екселенција Кавахара Сецуко

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оствари средба со амбасадорката на Јапонија во Република  Македонија, Нејзината Екселенција Кавахара Сецуко. На…

September 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?