Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од 10 до 16 март пријавени се нови 1.370 случаи на заболени од грип
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Од 10 до 16 март пријавени се нови 1.370 случаи на заболени од грип
ЗДРАВЈЕ

Од 10 до 16 март пријавени се нови 1.370 случаи на заболени од грип

Објавено March 20, 2025 14:36
Сподели
Сподели

Во текот на 11. недела од 2025 година, во државава пријавени се 1.370 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот. Тоа претставува за 41,6 проценти помалку во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела, споредено со 11. недела од минатата сезона е зголемен за 5,4 пати. Во споредба со бројот за 11. недела од типичната епидемиска крива, моделирана од последните 14 сезони, зголемен е за 58,3 отсто, информираат попладнево од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Од 10 до 16 март, заболените се пријавени од 24 ЦЈЗ/ПЕ, Скопје – 371, Тетово – 131, Битола – 110, Велес – 107, а во останатите, бројот на заболени е помал или еднаков на сто. Во текот на оваа недела, во две извештајни единици се регистрира многу ниска, во 12 – сезонска, во осум – средна, во една – висока и во Ресен – многу висока активност на вирусот на грип.

Во однос на возрасната дистрибуција, 827 лица се на возраст од 15 до 64 години. Од случаите, 284 се деца на возраст од пет до 14 години. Над 65 години се 135 лица. Од заболените, 124 се деца на возраст до четири години.

Во сезоната 2024/2025, вкупниот број на случаи на грип – заболувања слични на грип изнесува 23.661. Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 68,3 проценти, а во однос на моделот од последните 14 сезони, се регистрира зголемување од 21,3 отсто, наведуваат од ИЈЗ.

Регистрирани се пет починати лица асоцирани со грип во досегашниот тек на сезоната на грипот. Починатите се од Скопје – тројца, по еден од Свети Николе и Радовиш. Четири случаи припаѓаат на возрасната група над 65 години, еден во групата од 15 до 64 години. Сите случаи биле починати во болнички услови, со коморбидитети, невакцинирани против грип.

Заклучно со 11. недела, во државава вакцинирани биле вкупно 72.294 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип.

Сентинел надзорот се спроведува како дополнување на редовниот систем за надзор над грип и Ковид-19 во Република Македонија, со цел да се добијат подетални информации во однос на инциденца, интензитет, тип на вируси што циркулираат и за имплементација на навремени превентивни мерки. Сентинел САРИ (Сериозни акутни респираторни инфекции) надзорот се спроведува во шест надзорни болници, пет во Скопје (УК за инфективни болести и фебрилни состојби, УК за детски болести, УК за Пулмоалергологија, ГОБ „8 Септември“ и УК за респираторни заболувања кај деца – „Козле“) и една во Штип, КБ – Штип. Дефиницијата за случај на САРИ според што се спроведува надзорот е усогласена со дефиницијата на случај на СЗО од 2014 година. Кумулативно, од сентинел местата што учествуваат, пријавени се вкупно 998 САРИ случаи, од кои 20 лица се пријавени на интензивна нега. Најголем број на САРИ случаи се пријавени од надзорното место УК за детски болести. Во однос на возрасната дистрибуција, најголем број на САРИ случаи се пријавени од возрасната група до четири години. Кумулативно, вкупен број на приеми во сентинел местата е 5.728. Од сите приеми, 17,4 проценти се должат на САРИ. Најголемо оптоварување од 20,3 отсто се бележи кај возрасната група до четири години, појаснуваат од ИЈЗ.

Во текот на сезоната 2024-2025 регистрирани се девет смртни случи, две лица од возрасната група од 30 до 64 години и седум лица од возрасната група над 65 години. Кај сите починати се регистрирани коморбидитети. Од вкупно починатите лица, кај четири лица е докажано присуство на вирусот на Influenza и тоа: кај две лица Influenza A(H3) и по едно лице Influenza A – нетипизирана, и Influenza A(H1)pdm09.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија И Дојче банк е во криза, ќе отпушта вработени
Следна Статија Eден од сопствениците на дискотеката во Кочани барал одобрение уште во 2012 година, тогашниот градоначалник не дозволил

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Поедноставување на патот на пациентите со рак – оптимална тимска грижа за вашето здравје наместо талкање по болнички ходници

Општиот успех на здравствената заштита да се структурира околу потребите на пациентите, меѓу останатото, се огледа и во потребата од…

December 19, 2024
ЗДРАВЈЕ

Д-р Чибишев: Загадениот воздух во Македонија значително ги надминува безбедните нивоа, што предизвикува сериозни здравствени последици

Професоре Чибишев, како би ја оцениле состојбата со загадувањето на воздухот во Македонија, особено во Скопје? За жал, ситуацијата е…

November 29, 2024
ЗДРАВЈЕ

Зошто ни се приспива околу 14 часот?

Ако сте меѓу оние кои секој ден околу 14 часот чувствуваат потреба за уште една шолја кафе, голема е веројатноста…

June 23, 2025
ЗДРАВЈЕ

„Немаме Центар за изгореници, а имаме сè што ни треба – освен волја“, вели д-р Добрила Андоновска

Поранешната раководителка и основачка на вториот Центар за изгореници во Македонија, д-р Добрила Андоновска, преку објава на социјалните мрежи потсети…

March 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?