Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од 12 објекти со лиценца утврдено е дека три од нив не исполнуваат услови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Од 12 објекти со лиценца утврдено е дека три од нив не исполнуваат услови
МАКЕДОНИЈА

Од 12 објекти со лиценца утврдено е дека три од нив не исполнуваат услови

Објавено March 19, 2025 13:22
Сподели
Сподели

На денешната прес-конференција за медиуми се обрати портпаролот на Владата на Република Македонија Марија Митева, директорот на ФЗОМ Сашо Клековски и директорот на Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје Синиша Стојаноски.

Во изјавата Митева потенцира:

Денеска одлучивме да имаме заедничка конференција со, директорот на ФЗОМ Сашо Клековски и директорот на Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје Синиша Стојаноски.

Ќе ја започнам оваа прес конференција информации кои се актуелни и за има промени од претходната вчерашна изјава која што е дадена за извршените контроли од Државниот пазарен инспекторат.

-Во моменти како овие зборови не се доволни но постапките мора да бидат, потенцира Митева.

Таа додаде: Како што ветивме продолжуваме на дневна основа да ве информираме сите вас за констатираните состојби од теренската работа на Државниот пазарен инспекторат во однос на лиценците на објектите.

Новите сознанија коишто ги имаме до овој момент се следни:

Последните инспекции потврдија сериозни регулаторни прекршувања.

Доказите се јасни.

Од вчера направената контролата на 12 објекти со активна важечка лиценца до овој момент е утврдено дека три од нив не исполнуваат услови, односно минимум технички услови, а сепак имаат активна лиценца за вршење на дејност.

За останатите девет, ве информирам дека сеуште е во тек проверката на документацијата и во текот на денот ќе излеземе со дополнителни информации, рече Митева.

По однос на ваквата состојба веднаш до министерството за економија ќе биде испратено барање за одземање на лиценцата, забрана за вршење дејност и сите казнени одредби коишто се возможни согласно законот.

На терен во секој момент овие денови се над десет тима кои вршат контрола и во текот на денешниот и ќе продолжат и во текот на утрешниот ден.

-Ќе се проверат сите до детаљ, потенцира Митева.

„Сакам да ја информирам јавноста дека е направен и план, и за проверка на оние кои немаат важечка лиценца, а работеле во минатото.

Она што се случи во Кочани не е само изолирана трагедија тоа е симптом на расипан систем наследен од долгогодишна корупција.

Ниту ќе замижуваме ниту ќе заштитуваме“, рече портпаролот на Влада.

Сакам да истакнам дека ја разбираме фрустрацијата, луѓето бараат правда и ќе ја добијат, потенцира Марија Митева портпаролот на Владата на Република Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Судот во Кочани одлучи: Продолжен притворот за 10 лица
Следна Статија По убиството Палчо запали цигара и отвори телефон, тогаш виде колкава врева се кренало, сведочи Манев

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Проширувањето на ЕУ не е само економска и трговска неопходност, туку предуслов за политичка и безбедносна стабилност на целиот континент

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денеска учествува на Делфи Економскиот Форум што се одржува…

April 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Казна од 1300 евра при контрола на градилиште во општина Аеродром

Општина Аеродром спроведува засилен инспекциски надзор, при што е изречена глоба од 1.000 евра за компанија и 300 евра за…

February 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

Во Европарламетот на 4ти јуни: Резолуција со која се признава посебниот многувековен македонски идентитет и посебниот меѓународно кодифициран македонски јазик

За прв пат пред европратениците ќе се најде Извештај во кој на неколку наврати се споменува многувековниот посебен македонскот идентитет…

May 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Судијата Димовски го тужи Судскиот совет пред Управниот суд

Шест судии кои Судскиот совет ги унапреди односно ги префрли од Граѓански во Апелациски суд може да не дојдат до…

June 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?