Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од 17 часот шестчасовна блокада на граничниот премин Евзони
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Од 17 часот шестчасовна блокада на граничниот премин Евзони
БАЛКАН

Од 17 часот шестчасовна блокада на граничниот премин Евзони

Објавено January 9, 2026 16:37
Сподели
Сподели

На шест часа, почнувајќи од 17 часот по македонско време (18 часот по локално време), грчките земјоделци и денеска ќе го блокираат граничниот премини Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Блокадата се очекува да трае до полноќ по грчко, односно 23 часот по македонско време, и како и досега, ќе се однесува на сите видови возила: товарни, автомобили и автобуси.

Грчките земјоделци и вчера попладне во истиот период го блокираа граничниот премин, а во однос на плановите за следните денови, според информациите на МИА, исто како и досега, одлуките ќе ги носат во последен момент, особено сега кога изразија подготвеност во вторник да се сретнат со грчкиот премиер.

На ГП Ники (ГП Меџитлија), како што соопшти АМСМ, има забрана за движење товарни возила, која ќе трае до утре до 10 часот.

Вчера претпладне, земјоделците во цела Грција ја почнаа најавената 48-часовна блокада во целата земја, меѓутоа по новата покана за дијалог и средба упатена од владата, решија да повлечат дел од блокадите што се на споредните патишта, но сепак тракторите остануваат паркирани на автопатиштата.

Портпаролот на грчката влада, Павлос Маринакис, вчера упати покана до земјоделците во вторник да се сретнат со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, но со два предуслова: прво, делегацијата на земјоделците да ги претставува сите блокови и, второ, дијалогот да се одржи со отворени патишта.

Владината покана ја прифатија земјоделците, а утре напладне ќе одржат состанок со учество на претставници од сите блокови за да ја одредат делегацијата што во Атина ќе се сретне со Мицотакис, како и темите и барањата што ќе ги иницираат на состанокот.

Грчката влада во средата детаљно ги објасни мерките за земјоделците, а ставот е дека нема простор за дополнителни мерки за поддршка.

Протестите на земјоделците во Грција почнаа на 30 ноември и траат над 40 дена со секојдневни блокади на низа локации во целата земја.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почина жената што ја прегазија кај Зебра
Следна Статија Ќе се прави испитување на геномот на ембрионот за ин витро

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Оштетена Амбасадата на Србија во Техеран

Амбасадата на Србија во Техеран беше оштетена пред неколку минути во најновите напади врз Иран од страна на САД и…

March 1, 2026
БАЛКАН

Вучиќ: Полицајците не допираат никого, не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека полицијата реагира како последно средство на блокадите во државата, во согласност со…

July 12, 2025
БАЛКАН

Вучиќ потпиша измени на судски закони, кои Брисел ги оцени како чекор назад на патот кон членство

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска потпиша укази за прогласување сет закони од судството, кои ЕК ги оквалификува како „сериозен…

January 30, 2026
БАЛКАН

Бремената пратеничка Соња и нејзиното бебе се добро, изјави вечерва Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека пратеничката Соња Илиќ, која денеска беше повредена во 8-ми месец од бременоста во српското…

March 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?