Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вучиќ потпиша измени на судски закони, кои Брисел ги оцени како чекор назад на патот кон членство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Вучиќ потпиша измени на судски закони, кои Брисел ги оцени како чекор назад на патот кон членство
БАЛКАН

Вучиќ потпиша измени на судски закони, кои Брисел ги оцени како чекор назад на патот кон членство

Објавено January 30, 2026 19:18
Сподели
Сподели

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска потпиша укази за прогласување сет закони од судството, кои ЕК ги оквалификува како „сериозен чекор назад во процесот на европска интеграција на земјата“. Со тоа, законите што беа усвоени од владејачкото мнозинство во српскиот парламент на 28 јануари, стапија во сила.

Европската комисија го повика Белград, по усвојувањето на законите, да ги разгледа во „најкраток можен рок“ и да ги усогласи со европските стандарди.

 

Комисијата оцени дека законите „ја поткопуваат независноста на судството, како и автономијата и функционирањето на обвинителствата“.

 

– Кога има земја што е кандидат за европска интеграција, а Србија е, очекуваме таа земја да се однесува на европски начин. Тоа е сериозен чекор назад, бидејќи тие измени беа усвоени на многу брз и нетранспарентен начин, без никакви консултации, изјави вчера јануари европската комесарка за проширување Марта Кос.

Претставниците на опозициските партии во Србија тврдеа дека суштината на промените е Владата да врши поголема контрола врз судството и да ја намали објективноста во функционирањето на јавните обвинителства. Измените на Законот за јавно обвинителство, како и за судиите, и измените на Законот за седиштата и подрачјата на судовите и јавните обвинителства беа усвоени со отфрлање на сите амандмани на опозицијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се сруши стара куќа и смачка возила во Битола
Следна Статија Техеран: Подготвени сме и за преговори и за војна со САД

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Во Србија уапсена група осомничени за злоупотреби вредни над два милиона евра

Во неколку српски градови во петокот, во втората акција оваа седмица, уапсени се уште 13 лица осомничени за злоупотреби вредни…

February 14, 2025
БАЛКАН

„Евзони“ и „Ники“ и денеска затворени на неколку часа

Како и во изминатите денови, така и денеска, грчките земјоделци, кои нивните трактори ги имаат паркирано на неколку гранични премини,…

December 11, 2025
БАЛКАН

Додик: Српска на раскрсница, или ќе се дистанцира од Сараево или ќе престане да постои

Народното собрание на Република Српска е „местото каде што се бориме“, рече претседателот на Република Српска Милорад Додик, додавајќи дека,…

August 10, 2025
БАЛКАН

Бројот на жртви во нападот во турското училиште се искачи на 10, истрагата води до оружјето на таткото

Турција е во шок откако бројот на загинати во нападот во училиште во Кахраманмараш се искачи на 10, додека истрагата…

April 17, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?