Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од 75 одлични ученици кои полагаа приемен испит во „Георги Димитров“, 50 проценти не положија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Од 75 одлични ученици кои полагаа приемен испит во „Георги Димитров“, 50 проценти не положија
МАКЕДОНИЈА

Од 75 одлични ученици кои полагаа приемен испит во „Георги Димитров“, 50 проценти не положија

Објавено June 26, 2025 17:38
Сподели
Сподели

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска од собраниската говорница информираше дека од 75 одлични ученици кои полагаа приемен испит за да се запишат во гимназијата „Георги Димитров“, половина од нив не го положиле испитот што според неа е резултат на досегашната пракса да се пишуваат оценки кои не соодветствуваат со знаењето на ученикот.

-Можеме со измена во законот, како што ние рековме, наставнички совет да нема право да поправа оценки. Завчера во „Георги Димитров“ полагаа 75 ученици со сите петки, а 50 проценти не го положија испитот. Нема повеќе поправање на оценки на наставнички совет. Ако сака ученикот да поправи оценка, ќе си дојде заедно со родителот и ќе полага пред комисија, а не со кренање рака на наставнички совет затоа што родителот ни се допаѓа или затоа што така рекол градоначалникот. Нови измени на законот ќе правам за се што ќе видам дека не функционира на терен затоа што неопходно е системот на образование да профункционира. Младите ни отидоа затоа што не функционира системот на образование, затоа што оние што заслужиле петки не сакаат оној што има двојка да му се поправи оценката во петка на наставнички совет, рече министерката Јаневска.

Во гимназијата „Георги Димитров“ беа пријавени повеќе ученици отколку што имаше предвидено слободни места. Поради тоа, наместо директен упис, во гимназијата беше спроведен приемен испит.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Средба на гувернерот Славески со амбасадорот Рокас: Ценовната стабилност останува приоритет на централната банка
Следна Статија Вработена во училиште нападнала ученик

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Митева: Мора да продолжиме на патот кон ЕУ, тоа е наша стратешка цел и за тоа ќе продолжиме да се бориме

Во подкастот ,,ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, Марија Митева, портпаролката на Влада и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, се осврна на тековните состојби…

November 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Потпишување на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

Договорот за стратешко партнерство меѓу владите на Република Македонија и на Обединетото Кралство, со кој земјава добива на располагање историски…

May 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Владата доволно прави за евроинтеграциите, но ЕУ е со двојни стандарди, а соседите ни отежнуваат

Во периодот од 18 до 21 февруари 2025 година, во рамките на платформата „ОМНИБУС“ беше спроведена телефонска анкета на репрезентативен…

March 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Жена психолог избркана од работа во струшката болница кога кажала дека е трудна – го загубила бебето од стре

Психолог од ЈЗУ Општа болница Струга, магистерка по специјална едукација и рехабилитација од областа на оштетување на слухот и психотерапевтка…

November 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?