Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Опасноста од излевање на Вардар и Треска е реална
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Опасноста од излевање на Вардар и Треска е реална
МАКЕДОНИЈА

Опасноста од излевање на Вардар и Треска е реална

Објавено February 16, 2026 18:30
Сподели
Сподели

Утрово сѐ уште е исклучително висок водостојот на реката Вардар во горното течение и сѐ уште постои опасност од излевање во тој дел, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Водостојот на реката Треска утринава е во намалување но сѐ уште е исклучително висок и на критично ниво и постои опасност од излевање на некои делници по течението.

И реката Црна бележи зголемен водостој утрово. Во нејзиниот слив се можни локални заезерувања во Демирхисарско и во Пелагонискиот регион во текот на денов.

Водостојот на реката Кичевска полека се повлекува но и таму остануваат заезерени и поплавени површини.

До крајот на денот се очекува висок водостој на реката Вардар во горното и во средното течение, како и зголемувања во долното течение на реката кон Демир Капија и кон Гевгелија.

Од УХМР предупредуваат на внимателно движење покрај реките и суводолиците во текот на денешниот ден.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тајна мрежа за сексуални услуги разбиена во Македонија
Следна Статија Од денес Земјата влегува во златно време на сончевите затемнувања

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Еврејската заедница останува дел од нашата историја, нашето секојдневие, нашата иднина

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска присуствуваше и се обрати на настан по повод 82 години…

March 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

За Муцунски Протоколот со Бугарија е еден од најштетните документи во нашата историја

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека развојот на состојбата со  иницијативата за оценување на уставноста и законитоста …

July 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Адем Чучуљ највисоко оценет кандидат за раководење со ДКСК

Комисијата за селекција на кандидати за претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) што ја формираше собраниската Комисија…

November 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денес е празник на заштитникот на децата: За нивното здравје, секоја мајка треба да го направи ова

Православна црква и нејзините верници денеска го слави празникот посветен на Свети Сисој Велики. Овој светител е исклучително почитуван и…

July 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?