Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Операционализација на плаќањата преку СЕПА за државата и за државните институции
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Операционализација на плаќањата преку СЕПА за државата и за државните институции
ЕКОНОМИЈА

Операционализација на плаќањата преку СЕПА за државата и за државните институции

Објавено November 26, 2025 12:15
Сподели
Сподели

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, од една страна и претседателот на Управниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана, Блаж Бродњак и членот на Управниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана, Антонио Аргир, од друга, потпишаа договор за меѓусебна соработка којшто ѝ овозможува на Народната банка да започне со плаќања преку СЕПА.

Од 9 декември 2025 година, државата и државните институции ќе можат да плаќаат и да примаат средства во евра, согласно стандардите на СЕПА, побрзо, побезбедно и со пониски и фиксни надоместоци. Наместо досегашните просечни трошоци од 14 евра за плаќање преку кореспондентните банки, плаќањата преку СЕПА ќе чинат 3 евра за електронските налози и 5 евра за хартиените налози, а сите приливи преку СЕПА ќе се наплатуваат 3 евра. Имајќи предвид дека 80% од вкупните одливни плаќања и 90% од вкупните приливи на државата се во евра, пониските надоместоци директно ќе овозможат поголеми заштеди за државата и за државните органи.

„Со овој значаен чекор Народната банка, покрај регулаторната и надзорната улога во платежната сфера, ја потврдува и својата оперативна улога во обезбедувањето подобри и поквалитетни услуги за државата и за државните органи во извршувањето на прекуграничните плаќања“, истакна гувернерот Славески.

„Ни претставува чест што сме избрани за банка одговорна за обработка на плаќањата преку СЕПА за Народната банка на Република Северна Македонија и упатуваме искрена благодарност за укажаната доверба. Ова достигнување претставува значаен чекор кон подлабока интеграција со платниот систем на Европската Унија и ја поддржува пошироката цел за интеграција во ЕУ. Оваа пресвртница се надоврзува на нашето неодамнешно воведување на услугата „Епл пеј“ (Apple Pay) за сите наши клиенти во ЈИЕ и успешното влегување на „НЛБ банка“ Скопјe во шемата на кредитниот трансфер преку СЕПА, дополнително зајакнувајќи ја посветеноста на Групацијата НЛБ за поттикнување на финансискиот развој и иновациите во Северна Македонија“, изјави Блаж Бродњак, претседател на Управниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана.

По пристапувањето на нашата земја кон СЕПА, со што за граѓаните и за компаниите веќе се овозможени побрзи, побезбедни и поевтини плаќања во евра, Народната банка како банкар на државата им овозможува и на државните институции да ги користат придобивките од СЕПА. На овој начин, ќе се овозможат значителни заштеди за државата и за државните институции при извршувањето на прекуграничните плаќања во евра со четириесетте земји членки на СЕПА.

 

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Црн Петок: Streaming услуги нудат атрактивни понуди за претплатници
Следна Статија (ВИДЕО) Мицкоски отфрли можност за предвремени парламентарни избори

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски во Лондон: Се потврдува стратешкото партнерство меѓу двете земји, економијата и инвестициите приоритет за Македонија

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, вчеравечер во Лондон оствари работна средба со Тим Рид, извршен директор на Извозно…

April 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Попов: Инвестираме во младите, конечно ќе се финализираат зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура

На денешната комисиска расправа за Предлог – буџетот за 2026 година се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов…

November 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Пензионерите мартовската пензија ќе ја добијат повисока за 2.500 денари

Со мартовската пензија, која ќе им биде исплатена на крајот на март или на почетокот на април, пензионерите ќе го…

March 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Парите од унгарскиот заем наменети за компаниите не може да се користат за рефинансирање

Парите од унгарскиот заем наменети за компаниите не може да се користат за рефинансирање. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели…

January 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?