Службата за безбедност на Украина (СБУ) спроведе досега невидена специјална операција на територијата на Руската Федерација, при што, според украински извори, биле нападнати и уништени или оштетени повеќе од 40 руски бомбардери на четири воздушни бази – Белаја, Ѓагилево, Олења и Иваново.
Операцијата, кодирана под името „Мрежа“, се подготвувала една и пол година, а во неа биле употребени дронови со FPV-технологија кои биле тајно внесени во Русија скриени во специјално дизајнирани дрвени мобилни контејнери. Според извори од СБУ, контејнерите биле монтирани на камиони, од кои, во определен момент, преку далечинско управување бил отворен покривот и дроновите биле лансирани директно кон целите.
Изворите тврдат дека операцијата била надгледувана лично од претседателот Володимир Зеленски, а сите украински агенти кои учествувале се успешно вратени во земјата. СБУ истакнува дека евентуално уапсени лица од страна на Русија би биле дел од пропагандна претстава.
Мета на операцијата биле и стратешки бомбардери Ту-95 и Ту-22М3, како и авиони за рано предупредување А-50 – летала што редовно се користат за напади врз украинска територија. „Ова е пресвртница. Нашите дронови сега ги гаѓаат аеродромите од кои полетуваат авиони што фрлаат бомби врз нашите градови. Нивната неказнивост заврши“, изјави извор од СБУ за Kyiv Post.
Нападот предизвикал паника и во руските власти – гувернерот на регионот Иркутск, Игор Кобзев, потврди дека војна единица во близина на селото Средњи била погодена од дронови, а на објавени видеа се слуша зуењето на беспилотните летала и се гледа густ чад што се издигнува над воената база.
Според проруски извори, цел на нападот биле и бомбардери способни за носење нуклеарно оружје, стационирани во Сибир. Украинската страна тврди дека ова е само почеток на „голема“ офанзива со дронови против руското воено воздухопловство.
Ukrainian SBU security service sources tell @FT the agency is conducting "a large-scale special operation to destroy enemy bomber aircraft" deep inside Russia.
"SBU drones are targeting aircraft that bomb Ukrainian cities every night. At this point, more than 40 aircraft have… pic.twitter.com/a3YwQB8ZC5
— Christopher Miller (@ChristopherJM) June 1, 2025