Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Општина Солун воведува блокатори на тркала за непрописно паркираните возила
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Општина Солун воведува блокатори на тркала за непрописно паркираните возила
БАЛКАН

Општина Солун воведува блокатори на тркала за непрописно паркираните возила

Објавено August 7, 2025 19:29
Сподели
Сподели

Со цел спречување на непрописното паркирање, општина Солун од денеска воведува блокатори на тркала што ќе се поставуваат на автомобили паркирани недозволено на местата наменети за постојани жители, на рампите за лица со попреченост и во деловите за товарење и истовар, јави дописничката на МИА од Атина.

Блокаторите ги поставува општинската полиција, а од општина Солун соопштија дека мерката била неопходна „со цел да се стави крај на феноменот што е особено распространет во текот на туристичката сезона, со паркирање на стотици автомобили со странски регистарски таблички во центарот на градот“, а дополнително „присутна е појавата кога некои возачи ги вадат регистарските таблички за да не бидат казнети“.

 

– Возачите што ќе видат дека нивното возило е неподвижно мора да се јават во Дирекцијата на општинската полиција (+302313 317930) и да ја платат соодветната казна за да им биде ослободен нивниот автомобилот, соопштија од општината.

 

Заменик – градоначалникот задолжен за општинската полиција на Солун Костас Циапакидис за грчката новинска агенција АНА-МПА вели дека откако општинската и сообраќајната полиција ги исцрпиле сите други средства во напорите за спроведување на Законот за безбедност на патиштата и спречување на непрописно паркирање, донеле одлука за имплементирање на конкретниот систем.

 

– Досега, во многу случаи, претежно странски прекршители ја кинеа казната и ја напуштаа земјата бидејќи прекршокот не се гледа никаде. Сега, со блокаторите ова не може да се случи бидејќи само општинската полиција може да ги отстрани, откако ќе се плати казната. Освен тоа имаше случаи кога автомобилите остануваа неправилно паркирани три, четири, па дури и 15 дена, коментира заменик-градоначалникот.

 

Дополнително додава дека конкретната мерка ќе се спроведува барем до крајот на септември.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во кои земји е најчистата вода за пливање?
Следна Статија (ВИДЕО) Нов бизарен тренд: Кинезите масовно купуваат цуцли за возрасни

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Се преврте чамец со 11 луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

Во близина на Бачка Паланка се преврте ноќеска чамец во Дунав и според неофицијални информации на РТС има и настрадани.…

October 6, 2025
БАЛКАН

Словенија ќе ги признава македонските возачки дозволи без практичен испит

Словенија усвои измени на Законот за возачи, со кои на сопствениците на возачки дозволи издадени во Македонија им се овозможува…

November 26, 2025
БАЛКАН

На Видовден српската опозиција и студентите подготвуват немири!

Српската опозиција и студентите подготуваат немири и насилство на големиот собир на 28 јуни на големиот празник Видовден. На видеото…

June 26, 2025
БАЛКАН

Гардијан: Бугарската полиција го „блокираше спасувањето“ на тројца мигранти кои премрзнаа до смрт

Бугарските власти се обвинети дека ги игнорирале повиците за итна помош и спречиле спасување на тројца египетски тинејџери кои подоцна…

January 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?