Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во кои земји е најчистата вода за пливање?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Roadtrip > Во кои земји е најчистата вода за пливање?
Roadtrip

Во кои земји е најчистата вода за пливање?

Објавено August 7, 2025 12:28
Сподели
Сподели

Најновата анализа на Европската агенција за животна средина (EEA), која опфати 22.127 крајбрежни, езерски и речни локации, покажува дека 85 проценти од плажите биле оценети како одлични, при што Кипар повторно е прогласен за најдобра дестинација за пливачи, а Хрватска на петтото место.

Повеќе од 99 проценти од водите на Кипар добиле највисока оценка, а земјата е на самиот врв на рангирањето со години.

Добрата вест за оние што патуваат во Црното Море ова лето е дека Бугарија се искачила за три места и го зазема второто место со 98 проценти од нејзините води оценети како одлични.

На петтото место, зад Кипар, Бугарија, Грција и Австрија, е Хрватска.

Резултатите од извештајот на EEA за Албанија, сепак, покажуваат дека во оваа, инаку, една од новите туристички дестинации во Европа, се евидентирани најмалку дестинации со одлична вода, само 16 проценти, додека најголемиот број локации биле оценети како лоши, 23 проценти.

Загадувањето со пластика и микропластика дополнително ја влошува ситуацијата. Според извештајот на Меѓународната унија за зачувување на природата од 2020 година, Албанија, по Црна Гора и  Македонија, имала трета највисока стапка на фрлање пластика во водата по глава на жител – три килограми годишно, пишува „Еуроњуз“, пренесува загрепски „Н1“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Масовна тужба против Букинг: 10.000 хотели се спротивставија на монополот
Следна Статија Општина Солун воведува блокатори на тркала за непрописно паркираните возила

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Roadtrip

Швајцарија казни возач со 110.000 долари за пребрзо возење – во зона со 50 , возел 77

Француски државјанин кој живее во Лозана би можел да плати една од највисоките сообраќајни казни во Швајцарија – дури 90.000…

September 1, 2025
Roadtrip

„Рајанер“ под истрага за наплата на родители за седење со своите деца

Британскиот орган за контрола на конкуренцијата започна истрага против „Рајанер“ поради неговата практика на наплата на дополнителни такси од родителите…

June 11, 2026
Roadtrip

Се откажуваат резервации: Протестите во Албанија против зетот на Трамп ќе го намалат бројот на туристи

Протестите што се одржуваат во Албанија против изградбата на луксузен ресорт во Зврнец, кај Валона, предизвикаа загриженост во туристичкиот сектор.…

June 9, 2026
Roadtrip

Жителите на Амстердам поднесоа тужба против градот поради пренатрупаност на туристи

Бројот на ноќевања на туристи во Амстердам повторно се зголеми минатата година, достигнувајќи 23,7 милиони во 2025 година, околу 800.000…

May 30, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?