Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Масовна тужба против Букинг: 10.000 хотели се спротивставија на монополот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Trips > Масовна тужба против Букинг: 10.000 хотели се спротивставија на монополот
Trips

Масовна тужба против Букинг: 10.000 хотели се спротивставија на монополот

Објавено August 7, 2025 12:22
Сподели
Сподели

Повеќе од 10.000 хотели низ Европа се приклучија на заедничка тужба против платформата за онлајн резервации Букинг (Booking.com), тврдејќи дека со години компанијата ја ограничувала можноста на угостителите да нудат пониски цени за своите услуги на други продажни канали, па дури и на сопствените веб-страници.

Според обвинителите, таквата практика е спротивна на прописите на Европската Унија. Колективната акција ја иницираше европското здружение на хотелската индустрија Хотрек, објави NL Times.

Букинг на суд поради „пумпање“ цени

„Европските хотелиери страдаат со години поради нефер услови и претерани трошоци. Сега е време заедно да се бориме за обештетување“, рече претседателот на таа организација, Александрос Василикос.

Покрај тоа, холандската организација за заштита на потрошувачите Конзументенбонд објави паралелна масовна тужба во име на гостите кои потенцијално биле оштетени. Во првата недела од поднесувањето, околу 180.000 потрошувачи изразија подготвеност да се приклучат на тужбата.

Компанијата „Букинг“ со седиште во Амстердам ги отфрли обвинувањата уште во јули и смета дека тоа е погрешно толкување на претходните судски пресуди. Портпаролот на компанијата рече дека е „апсолутна бесмислица да се тврди дека „Букинг“ вештачки ги зголемил цените“.

Европскиот суд на правдата минатата година пресуди дека таканаречените клаузули за паритет на цените – кои им забрануваа на хотелите да нудат пониски цени надвор од платформата на „Букинг“ – се излишни и потенцијално штетни за конкуренцијата на пазарот. Компанијата тврди дека ваквите одредби не се автоматски нелегални, но „Букинг“ ги отстрани од своите европски операции.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Проширување на услугите што ќе можат да се користат преку платежната сметка со основни функции – нова иницијатива на Народната банка
Следна Статија Во кои земји е најчистата вода за пливање?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Trips

Јадранското Море е полно со опасни медузи, луѓето кои се капат да бидат внимателни

Морето кај Истра е полно со медузи, а експертите ги предупредуваат луѓето кои се капат да бидат внимателни. Како што…

May 31, 2026
ПОЛИТИКА

Деспотовски од СДСМ до СДСМ: Ако не ми се извините, ќе ве тужам!

Јован Деспотовски кој веќе подолго време е во конфликт со раководството на неговата партија СДСМ, повторно се огласи на социјалните…

January 22, 2026
ПОЛИТИКА

Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев за клевета

„Поднесени се тужбите против Бране Петрушевски и Жан Митрев за клевета и нарушување на чест и углед.Не постои никаква дилема…

February 25, 2026
СВЕТ

Трамп ќе ги тужи Би-би-си: Ќе бара оштета од 5 милијарди долари

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека следната недела во САД ќе поднесе тужба против Би-би-си, барајќи отштета од една до…

November 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?