Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Хантер Бајден тврди дека Епштајн ја запознал Меланија со Трамп, таа најави дека ќе го тужи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Хантер Бајден тврди дека Епштајн ја запознал Меланија со Трамп, таа најави дека ќе го тужи
СВЕТ

Хантер Бајден тврди дека Епштајн ја запознал Меланија со Трамп, таа најави дека ќе го тужи

Објавено August 14, 2025 09:06
Сподели
Сподели

Првата дама на САД, Меланија Трамп се закани дека ќе го тужи Хантер Бајден за повеќе од 1 милијарда долари откако тој тврдеше дека осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн ја запознал со нејзиниот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп, објави Би-би-си.

Адвокатите на првата дама, која се омажи за Трамп во 2005 година, го опишаа тврдењето на Бајден како „лажно, омаловажувачко, клеветничко и провокативно“.

Во писмото, испратено до адвокатот на Хантер Бајден, се бара повлекување и извинување, со закана за тужба за „штета поголема од 1 милијарда долари“. Се тврди дека првата дама претрпела „огромна финансиска и репутациска штета“ од тврдењето, кое Бајден го повтори.

Бајден, син на поранешниот американски претседател Џо Бајден, го изнесе ова тврдење претходно овој месец во интервју во кое остро ги критикуваше минатите врски на Трамп со Епштајн. Трамп во минатото призна дека го познавал Епштајн, но тврди дека тие се разделиле на почетокот на 2000-тите затоа што Епштајн ги презел вработените од спа-центарот на Трамп во Флорида.

Бајден му рекол на режисерот Ендру Калаган: „Епштајн ја запознал Меланија со Трамп – тие врски се многу широки и длабоки“.

Адвокатите на првата дама велат дека Бајден се потпирал на статија во „Ју-ес Дејли Бист“ која подоцна била отстранета откако правниот тим на Меланија ја оспорил нејзината содржина и наслов.

Отстранетата статија, во која делумно се цитира новинарот Мајкл Волф, алудирала на тоа дека Меланија била во врска со познаник на Епштајн и Трамп кога го запознала својот сегашен сопруг.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Најздравиот пијалок за почеток на денот: Ги согорува мастите и спречува надуеност и гасови, а потребни се само 2 состојки
Следна Статија Мицкоски и Крис Павловски на вечера разговараа за иднината на Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Маск: Трамп мора да победи за да се зачува Уставот и демократијата во Америка (ВИДЕО)

Милијардерот Илон Маск се обрати синоќа на митингот на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, изразувајќи подршка за поранешниот претседател. Митингот…

October 6, 2024
СВЕТ

Изнајмувач на Airbnb со вештачка интелигенција креирал штети во станот и барал 12.000 фунти отштета од станарката

Жена од Лондон добила извинување и поврат на средства од речиси 4.300 фунти од компанијата Airbnb, откако домаќин во Њујорк…

August 3, 2025
СВЕТ

(Видео) Силен земјотрес ги погоди Филипините: најмалку 60 мртви

Најмалку 60 лица загинаа, а повеќе од 140 се повредени во силен земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтер…

October 1, 2025
СВЕТ

ФОТО: Синот на Трамп гласаше првпат, гордата мајка Меланија јавно се пофали: „Гласаше за првпат – за својот татко!“

Барон Трамп, синот на Меланија и Доналд Трамп првпат гласаше на овие претседателски избори во САД. Гордата мајка објави фотографија…

November 6, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?