Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Општина Ѓорче Петров по прв пат доделува субвенции за набавка на клима-уреди и топлотни пумпи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Општина Ѓорче Петров по прв пат доделува субвенции за набавка на клима-уреди и топлотни пумпи
ЕКОНОМИЈА

Општина Ѓорче Петров по прв пат доделува субвенции за набавка на клима-уреди и топлотни пумпи

Објавено June 16, 2025 16:50
Сподели
Сподели

Во насока на промовирање на енергетската ефикасност и заштитата на животната средина, Општина Ѓорче Петров за прв пат распишува јавен повик за доделување субвенции за граѓаните кои набавиле клима уред или топлотна пумпа за затоплување на своите домаќинства.

Право на аплицирање имаат сите жители на територијата на Општина Ѓорче Петров кои:

– имаат пријавено живеалиште на подрачјето на општината;
– набавиле клима уред или топлотна пумпа во периодот од 01.01.2025 до 30.06.2025 година;
не се приклучени и немаат можност за приклучок на централно градско греење;
– претходно користеле печка на дрва, јаглен, нафта или мазут и се согласуваат да ја предадат на Општината;
– не користеле претходно субвенции за набавка на пелет печка или инвертер.

Општината субвенционира:

– до 50% или максимум 15.000 денари за клима уред;
– до 10% или максимум 21.000 денари за топлотна пумпа.

Дополнително, данокот на личен доход кој произлегува од исплатената субвенција ќе биде покриен од страна на Општината.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, во својата објава на социјалните мрежи истакна дека оваа мерка е дел од општинската програма за заштита на животната средина и подобрување на квалитетот на воздухот. „Со оваа поддршка, ги стимулираме граѓаните да се ослободат од штетните и застарени начини на затоплување како што се печките на дрва, мазут и јаглен, и да преминат кон поеколошки и економични решенија,“ нагласи Стојкоски.

Документацијата се поднесува во затворен плик во архивата на Општина Ѓорче Петров, секој работен ден од 08:30 до 15:00 часот. Повикот ќе биде отворен до 30.06.2025 година, односно до исцрпување на предвидените буџетски средства. Пријавите ќе се разгледуваат по редослед на пристигнување, исклучиво доколку документацијата е комплетна.

Обрасци и дополнителни информации се достапни на: https://opstinagpetrov.gov.mk/2025/06/16/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba-%d0%b1%d1%80-02-972-5-%d0%be%d0%b4-16-06-2025-%d0%b7%d0%b0-%d1%81%d1%83%d0%b1%d0%b2%d0%b5%d0%bd%d1%86%d0%b8%d0%be%d0%bd%d0%b8%d1%80%d0%b0/

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Еве колку пари заработил Трамп минатата година
Следна Статија Пијан скопјанец се заби во паркирано возило на Комаров

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Многу скоро ќе се потпише меѓувладин договор за инвестиција

Дел од средствата за планираната модернизација и реконструција на железницата на Коридорот 10 ќе се обебзедат од Планот за раст,…

May 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Пад на индустриското производство во октомври од 1,1 процент

Пад на индустриското производство од 1,1 процент во октомври во однос на истиот период лани бележи Државниот завод за статистика.…

November 29, 2024
ЕКОНОМИЈА

Претставници на Народната банка работеа на клучно истражување за македонската економија објавено од ММФ

Како резултат на заедничкиот проект на експерти од Народната банка и од Чешката централна банка, изготвен е работен материјал, под…

October 11, 2024
ЕКОНОМИЈА

Горивата поскапуваат од половина до еден денар по литар

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ се зголемуваат за половина, а на…

December 16, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?