Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Орбан ја обвини опозицијата за подготовка на немири пред изборите во Унгарија, Маѓар повикува на смиреност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Орбан ја обвини опозицијата за подготовка на немири пред изборите во Унгарија, Маѓар повикува на смиреност
Blog

Орбан ја обвини опозицијата за подготовка на немири пред изборите во Унгарија, Маѓар повикува на смиреност

Објавено April 10, 2026 19:16
Сподели
Сподели

На два дена пред парламентарните избори во Унгарија, премиерот Виктор Орбан ја обвини конзервативната опозиција, предводена од Петер Маѓар, дека подготвува немири во случај неговата партија да биде поразена, јави ДПА.

„Нашите противници нема да застанат пред ништо“, изјави Орбан во видео-порака „до сите Унгарци“, објавена на неговата страница на Фејсбук.

Тој тврди дека опозицијата соработува со странски разузнавачки служби и дека уште пред пребројувањето на гласовите организира протести и немири, но не понуди докази за овие обвинувања.

„Ова е организиран обид преку хаос, притисок и меѓународна дискредитација да се доведе во прашање одлуката на унгарскиот народ“, додаде Орбан.

Орбан, кој 16 години е на власт, се соочува со неизвесни избори в недела, при што анкетите покажуваат дека неговата партија Фидес може да биде поразена. Повеќето релевантни истражувања ѝ даваат предност на партијата Тиса на Маѓар.

Во пресрет на изборите, Маѓар вети расчистување со, како што ја опишува, полуавторитарната политика на Орбан. Тој порано беше член на Фидес, но ја напушти партијата пред нешто повеќе од две години.

Маѓар повика на смиреност

Маѓар возврати преку видео на Фејсбук, повикувајќи ги поддржувачите да не подлегнуваат на провокации и да останат мирни.

Тој изрази уверување дека Орбан ќе биде поразен од милиони гласачи кои порано го поддржувале, но сега се чувствуваат „разочарани и изневерени“, и го повика премиерот да го прифати резултатот „со смиреност и достоинство“.

Експерт: Одек на руски дезинформациски наративи

Безбедносниот експерт и поранешен разузнавач Петер Буда оцени дека тврдењата за немири и наводна соработка на опозицијата со Украина подолго време циркулираат во руските онлајн мрежи, пренесува ДПА.

Тој посочи дека се појавиле и фабрикувани видеа, вклучително и материјали кои наводно прикажуваат украински војници како подготвуваат интервенција во Унгарија.

Според Буда, преземањето на вакви наративи може да значи дека власта ја подготвува јавноста за можна „провокација“ која подоцна би ѝ се припишала на опозицијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ТикТок затвори 34 профили во Бугарија: Ширеле содржини со лажни вести за изборите
Следна Статија Венс оди на разговори со Иран

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Дневен хороскоп за Јарец – среда, 29 јануари 2025

💡 Општа енергија на денот: Денот ви дава шанса за подигнување на позитивната вибрација, при што ви помага вашата вродена…

January 29, 2025
Blog

Дневен хороскоп за Лав – сабота, 15 февруари 2025

💡 Општа енергија на денот: Лавовите денеска ќе имаат прилика да работат на изградбата на својата стабилна самодоверба. Горделиви, харизматични,…

February 15, 2025
Blog

Самит ЕУ-Западен Балкан: Максимално да го искористиме новиот моментум во проширувањето, затоа што иднината на регионот е во Унијата

Треба максимално да го искористиме новиот моментум и да ги создадеме сите услови потребни за проширување на ЕУ, затоа што…

December 18, 2024
Blog

„Вива“ повторно на најголемиот светски саем за храна и пијалаци „Gulfood“ во Дубаи

Водечкиот македонски производител на природни овошни сокови, Вива, по вторпат е дел од реномираниот меѓународен саем „Gulfood“ како учесник и…

February 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?