Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Орце Ѓорѓиевски: Нови идеи од Љубљана за подобрување на Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Орце Ѓорѓиевски: Нови идеи од Љубљана за подобрување на Скопје
МАКЕДОНИЈА

Орце Ѓорѓиевски: Нови идеи од Љубљана за подобрување на Скопје

Објавено August 29, 2025 13:35
Сподели
Сподели

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, престојува во официјална посета на Љубљана заедно со својот тим, каде што оствари повеќе средби посветени на иднината на главниот град.

Ѓорѓиевски се сретна со долгогодишниот градоначалник на Љубљана, Зоран Јанковиќ, со кого разговарал за конкретни чекори и искуства кои би можеле да се применат во процесот на обновата на Скопје.

Во рамки на посетата, делегацијата ја посети и компанијата за јавен превоз. „Од средбата со менаџерскиот тим добивме многу искуства и знаења, а тие се подготвени да испратат експертски тимови кои ќе помогнат во решавањето на еден од најгорливите проблеми во нашиот град, јавниот транспорт,“ изјави Ѓорѓиевски.

Тој ја посети и современата фабрика за преработка на комунален отпад, која собира отпад од 46 општини во Словенија и функционира со поддршка на Европската унија. Таму, според Ѓорѓиевски, било добиено ветување за соработка и поддршка во решавањето на проблемот со јавната чистота во Скопје.

„Љубљана е доказ дека со јасна визија, ред и посветеност може да се создаде град кој е чист, достоинствен и пријатен за живот. Се враќаме со нови идеи, искуства и силна мотивација – да го направиме и нашето Скопје град со кој ќе се гордееме,“ порача Ѓорѓиевски.

Посетата заврши со уверување дека јавната чистота и функционалниот градски превоз ќе бидат меѓу врвните приоритети на неговата програма за иднината на Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Двајца локални „супер херои“ од Дојран веќе три недели сами го чистат каналот на Ѓавато
Следна Статија Мицкоски: Почнуваме со проектот за третата фаза од пругата кон Бугарија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Еве како свештеник ги смири гневните граѓани во Кочани

Жители на Кочани, изреволтирани и гневни по вчерашната трагедија, денес излегоа на улиците во градот. Кога дел од присутните на…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонија со скок од 10 места на Индексот за демократија за 2024 година

Република Македонија бележи скок од 10 места на Индексот за демократија за 2024 година. Зад Македонија се најдоа Србија, Албанија…

February 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Куманово со најмногу гласачи 94 041, Лозово со најмалку 1905, ќе се гласа на 3474 избирачки места

Право на глас на осмите Локални избори 2025 в недела имаат 1 832 415 гласачи, од кои 1 717 803…

October 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пониква станува рехабилитациски центар за повредените од трагедијата во Кочани

На денешната 82 редовна седница на Владата и официјално се усвои информација за потреба од обезбедување на рехабилитација во Пониква,…

June 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?