Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Освен двајцата заразени, нема нови суспектни случаи на мајмунски сипаници, велат од ИЈЗ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Освен двајцата заразени, нема нови суспектни случаи на мајмунски сипаници, велат од ИЈЗ
ЗДРАВЈЕ

Освен двајцата заразени, нема нови суспектни случаи на мајмунски сипаници, велат од ИЈЗ

Објавено May 26, 2025 14:26
Сподели
Сподели

Епидемиолозите се во редовна комуникација со двете позитивни лица на мајмунски сипаници, како и со посочените контакти. Двете позитивни лица на мајмунски сипаници се во добра здравствена состојба, соопштија денеска од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Како што потенцираат, нема нови суспектни случаи на мајмунски сипаници испратени на тестирање и нема нови позитивни случаи. Никој од посочените контакти не пријавува симптоми на мајмунски сиоаници.

ИЈЗ претходните денови објави препораки до граѓаните на веб страната, отвори 2 (две) нови линии за консултации на граѓани и здравствениработници. Воедно ИЈЗ изработи водич за здравствени работници со препораки и патеки на движење за суспектни случаи на мајмунски сипаници кој беше доставен до Министерството за здравство и од таму проследен до надлежните здравствени институции, велат од Институтот.

Од Институтот соопштија дека во текот на следните денови ќе биде организирана и онлајн обука за здраствени работници за следење на протоколите.

Како што појаснуваат, засега ризикот за ширење на оваа болест во нашата држава останува низок, со оглед на брзата реакција и преземените активности од страна на институциите.

Институтот за јавно здравје, Министерство за здравство, заедно со останатите надлежни институции се во постојана комуникација и координација и остануваат посветени во следење на актуелната состојба како и справување со истата, се вели во соопштението на ИЈЗ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Матарела на средбата со Сиљановска-Давкова: ЕУ не смее да дозволи да бидеме жртва на идентитетски прашања или нивна билатерализација
Следна Статија Тенкови и хеликоптери од САД и од Грција пристигнаа на Криволак за најголемата воена вежба годинава

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Француско државно одликување како печат на достигнувањата на доктор Николов

Доктор Игор Николов е одликуван со орден од Витез на националниот ред за заслуги на Франција. Орденот на Николов му…

April 11, 2025
ЗДРАВЈЕ

Мовембер – Не дозволувај здравјето да скапе

Планинарски марш со кој се започна овогодишната кампањата “Мовембер – Не дозволувај здравјето да скапе”, се одржа вчера во Скопје.…

November 4, 2024
ЗДРАВЈЕ

Вкупно 139 случаи на грип пријавени минатата недела

Во текот на 51. недела од 2024 година, од 16 до 22 декември, во Република Македонија се пријавени 139 случаи…

December 26, 2024
ЗДРАВЈЕ

Козле преполна со заболени од сезонски грип

Ширењето на сезонскиот грип ги наполни речиси сите кревети на Клиниката за детски белодробни заболувања. Во Козле лежат 60 деца…

January 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?