Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ослободителна пресуда за Никола Груевски за случајот „Талир 2“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ослободителна пресуда за Никола Груевски за случајот „Талир 2“
МАКЕДОНИЈА

Ослободителна пресуда за Никола Груевски за случајот „Талир 2“

Објавено July 14, 2026 13:37
Сподели
Сподели

Основниот Кривичен суд Скопје го ослободи од обвинение поранешниот премиер Никола Груевски за случајот „Талир 2“, за пречекорување на службени овластувања и противправно финансирање на изградбата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Судијката Даниела Алексовска, во објава на пресудата изјави дека за овој случај треба да се имаат предвид измените на КЗ од 2023, а со кои настапи и измена на обвинението.

„Иако беа направени измени на обвинението промени во доказите и фактите изнесени пред судот немаше. Судот цени дека обвинителството не докажа надвор од разумно сомневање дека обвинетиот Никола Груевски сторил пречекорување на службената должност“, изјави Алексовска. 

Во оваа ситуација Судот, посочи таа, во целост го прифатил ставот на Апелацискиот суд, а тоа е дека измените на КЗ се во директна корист на обвинетиот.

„Во оваа прилика, судот ќе истакне дека со секоја пресуда се испраќа одредена порака до поблиската и пошироката јавност. Во конкретниот случај, пораката е следна: ​Ваквата ослободителна пресуда е исклучиво резултат на донесување на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик во 2023 година, а како директна последица на која што беше и укинувањето на првостепената пресуда во овој предмет, како што тоа го констатира Апелацискиот суд Скопје во второстепената одлука во овој предмет. ​Судот ќе истакне дека, и покрај тоа што оваа пресуда е сосема различна од претходно донесената во конкретниот предмет, сепак, анализата и оценката на доказите, утврдените факти и заклучоците изведени од страна на судот останаа непроменети.

Така што, при постоење на истите докази, врз основа на кои судот претходно утврди дека е сторено предметното кривично дело со ‘искористување на службената положба и овластување’, цени дека при постоење на истите тие докази, не се докажа надвор од разумно сомневање дека делото е сторено со друг вид на дејствија, односно со ‘пречекорување на овластувањата’ и со ‘неизвршување на службената должност’.

​И како последно, но од најбитно значење за пошироката јавност е дека судот останува конзистентен во одлучувањето, во анализата и оценката на доказите, како и фактите кои произлегуваат од истите, на кои исклучиво ги темели своите одлуки, бидејќи само на тој начин може да се гарантира правото на правна сигурност на граѓаните во чие име судот ги носи своите пресуди“, појасни Алексовска.

На објавата во судницата во Основниот кривичен суд Скопје присутни беа адвокатите по службена должност на екс-премиерот Никола Груевски, Петар Тимовски и на ВМРО-ДПМНЕ, Кристина Маневска, како и претставникот на партијата, адвокатката Љубица Николовска.

Трошоците за судската постапка паѓаат на Буџетот на државата, а Судот го одби и предлогот на Обвинителството за конфискација на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Пресудата е неправосилна и странките имаат право на жалба пред повисоките судови.

Во април годинава, предметот „Талир 2“ го презема обвинителот Кристијан Смилевски од ОЈО Скопје, откако обвинителката Ленче Ристовска си поднесе оставка.

Апелацискиот суд Скопје во јануари 2024 година поради измените на Кривичниот законик во делот на кривичното дело од член 353 од КЗ, ја укина првостепената пресуда за случајот „Талир 2“ и предметот го врати на повторно судење пред првостепениот суд. Застареност настапи за делото „злоупотреба на службената положба“ на поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски, а гонењето продолжи за експремиерот Никола Груевски и партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Кривичниот суд на 7 јуни 2022 година, објави првостепена пресуда според која поранешниот премиер во бегство Никола Груевски беше неправосилно осуден на шест години затвор, а поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски доби условна осуда.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Падна „Талир 2“, политички монтираниот случај против ВМРО-ДПМНЕ
Следна Статија ДОНАЦИЈА ОД ЕУ од 18 возила за Инспекторатот за транспорт

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

За помалку од милион евра се продаде атрактивното земјиште на Мијалков во Гевгелија

За точно 916.113 евра се продаде земјиштето на екс директорот на УБВ, Сашо Мијалков во Гевгелија пишува Фокус, Електронската аукција…

July 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонци во Тајван, сведочат за предупредувањето и опасноста од цунами по земјотресот на Камчатка

Препораки да не се излегува покрај брегот на океанот, покрај реки, на пристаништа и на бедемите кои служат за заштита…

July 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Почна протестот за поддршка на поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово во Скопје

Во тек е протестот за поддршка на поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово, кои сè уште се наоѓаат во…

December 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Армијата е столб на стабилноста и мирот, преку три децении ја пишува својата приказна како вистински чувар на татковината

По прогласувањето на независноста во 1991 година, македонската Армија се стави на располагање на државата и граѓаните како гарант на…

August 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?