Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Османи за Самитот на ОБСЕ изнајмувал вип возила за 500 евра на ден, вкупно околу еден милион евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Османи за Самитот на ОБСЕ изнајмувал вип возила за 500 евра на ден, вкупно околу еден милион евра
ПОЛИТИКА

Османи за Самитот на ОБСЕ изнајмувал вип возила за 500 евра на ден, вкупно околу еден милион евра

Објавено September 17, 2025 15:16
Сподели
Сподели

Денеска пред вас го презентираме самиот договор за изнајмување возила за потребите на Министерството за надворешни работи при организацијата на министерскиот совет на ОБСЕ, кој се одржа во декември 2023 година. Овој документ е непобитен доказ за коруптивниот начин на кој работел тогашниот министер Бујар Османи, се наведува во соопштението од ВРЕДИ.

Договорот е склучен на износ од 56.640.000 денари за само два дена настан, без механизми за контрола и потврда на бројот на ангажирани возила.
Во него јасно се гледаат астрономските цени што државата ги плаќала:

VIP автомобил: 29.000 денари на ден (без ДДВ)
Возило од средна класа: 23.000 денари на ден (без ДДВ)
Миниван 8+1: 19.200 денари на ден (без ДДВ)

Само еден месец претходно, истиот оператор склучил договор со МНР за редовни потреби по цена од само 9.500 денари за ист тип возило со возач.
Тоа значи дека државата платила три пати поскапо за исти возила, од истата компанија, во исто време.

Ова е системска корупција. Ова не е административна грешка, ова е свесно донесена одлука која штетела на буџетот и на граѓаните.

Нема записник или доказ колку возила биле користени.
Нема внатрешна контрола, ниту службена потврда на реализацијата.
Нема транспарентност во критериумите и во изборот на операторот.

Ова е класичен модел на излевање на јавни пари во приватни џебови.
Ова е начинот како работел Бујар Османи како Министер за надворешни работи.
Ова се тврдења на Државниот завод за ревизија, не наши, на ВЛЕН.

Затоа, го прашуваже Бујар Османи:
Кој го потврдил бројот на возила и реализацијата на договорот?
Зошто цените биле три пати повисоки за исти услуги и од ист оператор?

Кој профитирал од оваа шема?

Зошто не постоела комисија за прием на услугите?

Доколку нема логични и адекватни одговори, ние бараме да се отвори кривична истрага за сите лица вклучени во овој договор.
Бараме и да се активира Државниот завод за ревизија за целосна проверка на набавките во МНР за време на мандатот на Бујар Османи.

Бујар Османи е должник пред граѓаните.
Овој договор го потпишал во свој мандат и со свој потпис ја одобрил астрономската цена. Не може да се крие зад службеници и процедури.

Ги повикуваме медиумите, граѓанските организации и сите граѓани внимателно да го погледнат овој договор, ова е вистинското лице на политичката корупција.
Ваквиот модел на работа мора да заврши. ВЛЕН ќе продолжи да ја открива вистината и да се бори за чесно, одговорно и транспарентно управување со државните пари

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сајкоски: ВМРО-ДПМНЕ оди на силна победа на локалните избори, очекуваме поголем број на општини, повеќе и од 2021
Следна Статија Мицкоски: За дел од трговците има постапки пред институциите, девијантното однесување ќе се сведе на минимум

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Муцунски: Наша цел е државата да биде кредибилна земја членка на НАТО, посветена на евроинтеграцијата

Говорејќи за активностите на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, министерот Муцунски на денешната трибина „100% за тебе“ насловена…

October 21, 2024
ПОЛИТИКА

Адеми: Не е точно дека Али Ахмети се повлекува

Дезинформација е дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети ќе се повлече од политичката сцена по локалните избори, вели потпретседателот на…

October 24, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: За некои опозициски политичари допрва доаѓаат проблемите поврзани со големи злоупотреби правени во минатото

Имам чувство дека за некои опозициски политичари допрва доаѓаат проблемите кои се поврзани со големи злоупотреби правени во минатото, рече…

November 9, 2024
ПОЛИТИКА

Лефков: За земени кредити и нереализирани капитални проекти поради неспособноста на владата на СДС, државата платила 25 милиони евра камата

Пратеникот во македонското Собрание и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков во „Утринско Еспресо“ на радио Лидер, рече дека…

October 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?