Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Османи тврди дека напролет ќе има предвремени парламентарни избор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Османи тврди дека напролет ќе има предвремени парламентарни избор
ПОЛИТИКА

Османи тврди дека напролет ќе има предвремени парламентарни избор

Објавено October 9, 2025 16:00
Сподели
Сподели

Предвремени парламентарни избори ќе има во март или април следната година – изјави кандидатот за градоначалник на Чаир од редовите на ДУИ, Бујар Османи, коментирајќи ја изјавата на премиерот Христијан Мицкоски кој вчера рече дека не ја исклучува можноста по локалните да има предвремени избори за пратеници.

Според Османи, изјавата на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ само го потврдува она што ДУИ и другите опозициски партии го укажувале со месеци – дека актуелната влада е нестабилна и неодржлива.

„Се разбира дека на премиерот веројатно му требаа дополнителни аргументи, коишто сега ги гледа на терен, во односот на тоа што се случува. Ситуацијата е неодржлива, и затоа веќе почна и тој да го спрема теренот. Тоа е всушност тоа што го кажувам јас и ние од почетокот, дека ќе има предвремени парламентарни избори. Ова го кажувам најаргументирано, врз основа на сите разговори и договори што ги има на политичката сцена“,изјави Османи.

Додаде дека изборите ќе бидат можност да се избере нова влада со јасен европски и економски фокус.

„Јас ви тврдам дека предвремени парламентарни избори ќе има во март–април и ќе има нова влада која ќе го откочи европскиот процес, ќе го врати соживотот и економскиот просперитет на земјата“,додаде кандидатот за градоначалник на Чаир од редовите на ДУИ.

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера изјави дека по очекуваната победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на годинашните локални избори, логично е да се оди и на предвремени парламентарни избори за да се обезбеди уште еден четиригодишен мандат. Но, како што рече, за таа одлука нема да биде водена од политичкиот, туку од интересот на државата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Детали за акцијата: Уапсени вкупно 6 лица за криминал во РЕК Битола
Следна Статија Отфрлена тужбата на Левица против АВМУ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски ќе биде градоначалник на Скопје, ако ВМРО-ДПМНЕ го кандидира за локалните избори

Покажавме во изминатите три години дека нема изговори, туку дека има решенија за проблемите и дека сум посветен на работата.…

December 9, 2024
ПОЛИТИКА

Муцунски од ПССЕ: Не постои случај каде бугарското малцинство било дискриминирано во нашата земја

Денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски зема учество на есенската сесија на Парламентарното собрание на Совет…

October 3, 2024
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС и ДУИ местела милионски тендери во РЕК Битола преку нивна омилена компанија

За да одиме напред мора да ја знаеме фактичката состојба, што е оставено од претходно. Одговорот е руинирани институции, корупција…

October 13, 2024
ПОЛИТИКА

ВМРО ДПМНЕ: Филипче јавно да се огради и од менторот Заев, кој без трошка срам тврдеше дека Македонците и Бугарите биле „с’шт народ“?!

Добро е што Венко Филипче, после години громогласен молк и оправдување на политиките на СДС кои директно ја поткопуваа македонската…

January 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?