Откако неговото име беше официјализирано како кандидат на ДУИ за градоначалник на Чаир, Бујар Османи утрово во 06:00 часот објави видео на социјалните мрежи во кое рече дека не може да ги скрие емоциите.
„Добро утро Чаир, 6 часот е и ова е првиот ден кога се будам како официјален кандидат за градоначалник на општината и не можам да скријам дека емоциите се големи. Синоќа телефонот не престана да ѕвони, пораки со честитки, повици. Од стари пријатели, од луѓе кои никогаш не сум ги сретнал. Но едно нешто ми остави впечаток. Во секој глас забележав надеж дека Чаир може да се промени, дека заедно можеме да ја извлечеме општината од оваа состојба“, изјави Бујар Османи, кандидат на ДУИ за Чаир.