Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Отворање на понудите за трет мобилен оператор – Граѓаните со очекувања, пазарот со предизвици
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Отворање на понудите за трет мобилен оператор – Граѓаните со очекувања, пазарот со предизвици
ЕКОНОМИЈА

Отворање на понудите за трет мобилен оператор – Граѓаните со очекувања, пазарот со предизвици

Објавено August 22, 2025 08:37
Сподели
Сподели

Во Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска треба да бидат отворени понудите од тендерот за доделување фреквенции за трет мобилен оператор. Предвиденото јавно наддавање ќе се изврши доколку за исто одобрение за користење радиофреквенции се квалификуваат најмалку двајца понудувачи.

Доколку се заокружи постапката со која што покрај „Македонски Телеком“ и „А1 Македонија“ во државава ќе добиеме нов мрежен оператор, според оценката на експертите од телекомуникациската област, тој ќе цели да преземе дел од пазарот од постоечите мобилни оператори и да навлезе со сервиси кои се помалку достапни на пазарот. Ќе биде клучно да обезбеди одличен баланс меѓу трошоците за изградба на инфраструктура, квалитетот на сервисите и цените. Влезот на новиот оператор е во услови кога од услугите на телекомуикацискиот пазар најниско задоволство има од цените на мобилната телефонија со 55,9 проценти.

Заклучно со првиот квартал од годинава во државава се регистрирани 1.941.996 активни претплатници во мобилната телефонија, во кои удел од 47,69 проценти има А1 Македонија, 46,66 проценти Македонски Телеком, 3,38 проценти на М-ТЕЛ, виртуелниот мобилен оператор што влезе на пазарот во октомври 2022 година, 1,34 проценти на Телекабел, 0,38 проценти Мтелмобајл, 0,10 проценти Греен мобиле.

Новиот оператор треба да обезбеди одличен баланс меѓу трошоците за инфраструктура, квалитетот на сервисите и цените

– Влезот на нов мобилен оператор, со сопствена инфраструктура, доколку се реализира ќе биде одлична работа за сите во Македонија, бидејќи може само да ја прошири понудата на телекомуникациски мобилни услуги, да ја зголеми конкуренцијата и дополнително да го раздвижи и да го подобри телекомуникацискиот односно дигиталниот пазар кај нас, изјави за МИА професорор Тони Јаневски, од Институт за телекомуникации на Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ).

Според Јаневски, треба да се почека да се види како ќе одвива најавата за влез на нов мобилен оператор, како трет во Македонија, што, потенцира, секако ќе зависи и од стратегијата на АЕК како регулаторно тело, бидејќи новиот оператор ќе треба да добие различни фреквенциски опсези, пред се за 5Г, како за покривање во руралните подрачја, така и за капацитет во урбаните подрачја за работа како мобилен оператор со своја инфраструктура.

– Секако генерално пазарот на мобилна телефонија (генерално мобилни услуги, односо сервиси), сега е заситен во секоја земја. Тоа значи дека сите кои сакаат да имаат пристап до мобилни услуги веќе имаат, така што секој нов мобилен оператор ќе цели да преземе дел од пазарот од постоечите мобилни оператори и/или да навлезе на пазарот со сервиси кои се помалку достапни на пазарот, па за евентуалниот нов мобилен оператор клучно ќе биде да обезбеди одличен баланс меѓу трошоците за изградба на инфраструктура, која секако ќе трае со години, а потоа квалитетот на сервисите кои ќе ги понуди (покреност со мобилната мрежа, надежност на мрежата, битски брзини на различни локации во мрежата и нивна одржливост, доценење од крај до крај, итн) и цената на сервисите за даден квалитет на сервисот, за граѓаните и за бизнисите, вели Јаневски.

АЕК, со тендерската постапка што ја објави на 18. минатиот месец, треба да додели одoбренија за три фреквенции, А1 за радиофреквенциски опсег 703-713/758-768 MHz (2×10 MHz) на целата територија, Б1 за радиофреквенциски опсег 1775-1785/1870-1880 MHz (2×10 MHz) и C1 за радиофреквенциски опсег 3.5-3.6 GHz (1×100 MHz). Најнискиот почетен износ на пазарната вредност на радиофреквенциите како еднократен надомест за добивање одобрение за користење на радиофреквенции за одобрението А1 изнесува 4.200.000 евра, за В1 1.500.000 евра, а за С1 2.320.000 евра.

Kритериум за избор на најповолен понудувач за доделување на одобренијата е висината на еднократниот надомест.

Одлуката за избор на понудувачи кои ќе учествуваат во постапката на јавно наддавање треба да се донесе во рок од 10 дена од отворањето на понудите. Во неа ќе се утврди местото и времето на одржување на јавното наддавање што нема да биде пократко од 14 дена и подолго од 30 дена од нејзиното носење.

Понудувачот кој ќе се квалификува за јавното наддавање треба да уплати депозит во висина од 10 проценти од почетниот износ на пазарната вредност на радиофреквенциите на сметка на АЕК, најдоцна до денот определен за јавно наддавање. Најповолниот понудувач по спроведеното јавно надавање, разликата помеѓу понудената цена на еднократниот надомест за добивање на одобрението за користење на радиофреквенции и уплатениот депозит треба да ја плати на сметка на Буџетот на Република Северна Македонија во денарска противвредност по среден курс на Народна Банка во рок од 10 дена од денот на приемот на одлуката за избор на најповолен понудувач. Учесниците на наддавањето, домашно и странско физичко или правно лице, меѓу останатото, не треба да поседуваат јавна радио комуникациска мрежа на територијата на Република Македонија. Треба да дадат писмена изјава дека ќе започне да ги користи радиофреквенциите определени во одобренијата до крајот на 2026 година. Одобренијата A1 и С1 се издаваат за период од 12 години, а одобрението В1 за осум години.

АЕК на 22 април годинава објави намера за спроведување постапка на јавен тендер со јавно наддавање за нов мрежен оператор во државава, а на барање на „Оне Македонија телекомуникации“, фирмата што унгарската телеком-компанија „Фор-ај-џи“ ја регистрираше во државава по објавата за влез на македонскиот телекомуникациски пазар. По завршувањето на јавната расправа до АЕК пристигнаa Писмa за искажување интерес од три заинтересирани страни: ОНЕ Македонија Телекомуникации ДООЕЛ Скопје, Битстрим Мобиле ДООЕЛ Скопје и од е& ппф Телеком Груп Б. В.

Во државава има 681.997 резиденцијални при-пеид 1.010.947 пост-пеид претплатници, како и 249.052 деловни пост пеид. Во приходите од обезбедување мобилни комуникациски услуги (малопродажно ниво) во првите три месеци од годинава Македонски Телеком има удел од 49,77, А1 Македонија од 47,71 процент, МТЕЛ, 1,34 проценти,Телекабел, 0,81 процент, Мтелмобајл, 0,25 проценти, Греен Мобиле, 0,12 проценти.

Според Испитувањето на јавното мислење од аспект на заштита на корисниците на електронски комуникациски услуги на Агенцијата за електронски комуникации, објавено на почетокот на минатиот месец, најниско задоволство има од цените на услугата мобилна телефонија со 55,9 проценти. Анкетата покажала дека 68,9 проценти од испитаниците имаат двегодишен договор со некој од операторите, а 23,5 проценти немаат потпишано договор со временска рамка. Мнозинството од корисниците што склучуваат договор доплатиле за телефонски апарат (61 процент) или добиле телефонски апарат бесплатно (24,8 проценти). Најголем дел од испитаниците или 90 проценти користат интернет преку мобилниот телефон. Во врска со оваа услуга најголем степен на задоволство кај испитаниците има во однос на достапноста и брзината на мобилниот интернет (92 проценти), додека понизок во однос на цената на услугата (78 проценти).

Претплатниците во мобилната телефонија во државава, во четвртиот квартал лани, просечно иницирале 107,96 повици месечно, а зборувале 235,9 минути.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шкендија со пресврт го совлада бугарски Лудогорец
Следна Статија (Видео) Ова е украинскoто Фламинго – ракета што може да го промени текот на војната

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Од следната недела „Визер“ ќе лета од Скопје за Лион и Барселона

Нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ планира до ноември годинава да ја замени својата флота на авиони од типот „ербас А320“ со моделот…

April 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Истекува мерката за ограничување на маржите, доколку има злоупотреби ќе следуваат нови поригорозни мерки

Истекува мерката за ограничување на цените и маржите што ја воведе Владата пред рамазанските и велигденските празници. Од Министерството за…

April 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Барањата на турските бизнисмени се логични и очекувани и како Влада вложуваме максимални напори тоа да биде реализирано

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски по одржувањето на бизнис форумот „Дијалог помеѓу бизнис секторот и Владата“, во организација на стопанската…

November 14, 2024
ЕКОНОМИЈА

Нема да има зголемување на старосната граница за пензионирање, уверува премиерот

Ставот на Владата е дека нема да има зголемување на старосната граница за пензионирање и дека детектирани се проблемите, Владата…

December 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?