Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ШЕСТ МЕСЕЦИ БЕЗ ПЛАТА: Вработени во Клиниката за детски болести на протест пред Финансии
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > ШЕСТ МЕСЕЦИ БЕЗ ПЛАТА: Вработени во Клиниката за детски болести на протест пред Финансии
ЕКОНОМИЈА

ШЕСТ МЕСЕЦИ БЕЗ ПЛАТА: Вработени во Клиниката за детски болести на протест пред Финансии

Објавено June 5, 2026 19:06
Сподели
Сподели

Од почетокот на годината не примиле плата. Дополнително, велат дека добиле негативен одговор од Министерството за финансии за продолжување на нивните договори за работа. Поради тоа, дел од вработените во Клиниката за детски болести излегоа пред Министерството за финансии за да побараат исплата на платите, продолжување на договорите и трајно решение за нивниот статус.

Една од учесничките на протестот изјави дека нивните барања за продолжување на договорите постојат уште од 2019 година, но и по долги чекања одговорите останале негативни.

„Ако немало намера за продолжување на договорите, тогаш зошто одговорот се одолговлекуваше пет месеци? Од која причина работниците беа оставени да работат до крајот на мај, додека барањата стојат од јануари? Како е можно над 90 проценти од здравствените институции да добијат позитивен одговор, а за Клиниката за детски болести постојано да се даваат негативни одговори, без аргументи и без јасни објаснувања?“, прашува Флора Гаши.

По оваа изјава, вработена во Министерството за финансии, која се претстави како шеф на кабинетот на министерката Гордана Димитриеска-Кочоска, ги покани на средба. По средбата, вработените изјавија дека добиле ветување дека ќе се ангажираат да утврдат дали проблемот е заглавен во Министерството за финансии или на друго место и дека во рок од една недела ќе дадат информација.

Вработените наведуваат дека одговорност има и од Министерството за здравство, но според нив министерот Азир Алиу признал дека имало процедурални грешки од страна на институцијата што ја води, но и покрај нивното коригирање, одговорот од Министерството за финансии останал негативен. Тие исто така истакнуваат дека станува збор за околу 50 вработени со нерешен статус и шест месеци без плата, а меѓу нив има и кадар со до осум години непрекинато работно искуство во Клиниката за детски болести.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Радев: Македонија треба само да ги впише Бугарите во Уставот за да ги почне преговорите со ЕУ
Следна Статија Скопјанец пронајден со убодна рана, вели сам се повредил додека готвел

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски во работна посета во Вашингтон, обраќање во Светска банка и високи средби во Стејт Департментот

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и членови на неговиот кабинет во наредните три дена ќе…

March 9, 2026
ЕКОНОМИЈА

За осум месеци затворени десетина конфекции, странските партнери ги намалија порачките

За осум месеци затворени се десет конфекции, ова се проценките на Ангел Димитров од Организација на работодавачи. Тој посочува дека…

September 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Минималната плата ќе се зголеми, најверојатно за 1800 денари

Минималната плата треба да се зголеми овој месец, но за колку, се уште не е познато. Согласно законот, зголемувањето би…

March 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Јенот продолжува со добивките среде закана за интервенција: Преглед на пазарите

Доларот падна во однос на сите негови главни валути по стапката на проверка во петок од Федералната резервна банка на…

January 27, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?