Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Радев: Македонија треба само да ги впише Бугарите во Уставот за да ги почне преговорите со ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Радев: Македонија треба само да ги впише Бугарите во Уставот за да ги почне преговорите со ЕУ
БАЛКАН

Радев: Македонија треба само да ги впише Бугарите во Уставот за да ги почне преговорите со ЕУ

Објавено June 5, 2026 18:01
Сподели
Сподели

Бугарскиот премиер Румен Радев од Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват испрати директна порака до Македонија: за да продолжи европскиот пат, земјата треба да ги впише Бугарите во Уставот.

Во изјава за ДВ, Радев ја повтори позицијата на Софија дека уставните измени се условот што треба да го отвори патот кон следната фаза од преговорите со Европската Унија.

Радев практично ја сведува бугарската позиција на една главна точка – впишување на Бугарите во македонскиот Устав. Но, токму тоа прашање веќе не е само билатерален спор меѓу Скопје и Софија, туку дел од европската преговарачка рамка. Европскиот советник Антонио Кошта при посетата на Скопје порача дека усвојувањето на договорените уставни измени останува единствениот пат кон формално започнување на преговорите.

Во таа смисла, изјавата на Радев не е изолирана дипломатска порака, туку потсетување дека Бугарија успеа своето барање да го вгради во европскиот процес. Радев и претходно јавно тврдеше дека уште во 2021 година го покренал прашањето за внесување на Бугарите во македонскиот Устав и дека му била потребна една година за да ги убеди европските лидери во таа позиција.

За Македонија, проблемот е што европскиот пат повторно се сведува на домашна политичка блокада. Уставните измени немаат двотретинско мнозинство во Собранието, власта инсистира на гаранции дека нема да има нови бугарски условувања, а опозицијата бара процесот да не се користи за понатамошно одложување на преговорите. Во меѓувреме, Албанија и Црна Гора се движат побрзо во европскиот процес, додека Македонија останува заглавена во прашање кое веќе стана тест за политичка волја, дипломатска способност и институционална зрелост.

Пораката од Тиват има и поширок контекст. Европските лидери, меѓу кои германскиот канцелар Фридрих Мерц, нагласуваат дека ЕУ мора да покаже дека е подготвена за проширување, бидејќи последното членство во Унијата беше пред 13 години, со влезот на Хрватска во 2013 година. Истовремено, Црна Гора се профилира како најнапреден кандидат, со амбиција да стане следната членка на ЕУ.

 

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „ВЕ САКАМЕ“, им кажа Мерц на земјите од Западен Балкан на Самитот во Тиват
Следна Статија ШЕСТ МЕСЕЦИ БЕЗ ПЛАТА: Вработени во Клиниката за детски болести на протест пред Финансии

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

(Видео) Санацијата на старата канализација откри тајни премини на Дубровничка Република

Реновирањето на канализацискиот систем стар повеќе од 500 години под историското јадро на Дубровник, вредно нешто повеќе од еден милион…

May 8, 2025
БАЛКАН

Апелациониот суд во Ниш го укина решението со кое се потврдува обвинението за смртта на Данка Илиќ

Советот на Апелациониот суд во Ниш вчера донесе решение со кое ја укинува одлуката на Вишиот суд во Зајечар со…

December 31, 2024
БАЛКАН

Непостоечка организација ги броела присутните студенти на протестот во Белград!

Здружението наречено „Архива на јавни собири“, кое ги презентираше резултатите од своето „истражување“ за протестот кај Славија на 22 декември…

January 4, 2025
БАЛКАН

Судот на БиХ распиша меѓународна потерница по Додик и Стевандиќ

Судот на Босна и Херцеговина распиша меѓународна потерница за претседателот на Република Српска, Милорад Додик и за претседателот на Народното…

March 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?