Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Отворен конкурс за 17. Школа за млади лидери на Претседателот Иванов
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Отворен конкурс за 17. Школа за млади лидери на Претседателот Иванов
МАКЕДОНИЈА

Отворен конкурс за 17. Школа за млади лидери на Претседателот Иванов

Објавено May 30, 2026 14:58
Сподели
Сподели

Кабинетот на поранешниот македонски претседател Иванов информира дека денес е објавен конкурсот за учество на 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов на темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам”, која ја одразува потребата од нови пристапи во лидерството и одговорно дејствување во услови на забрзани глобални промени и предизвици.

17. Школа за млади лидери ќе се реализира во периодот октомври–ноември 2026 година и ќе опфати онлајн менторска програма, онлајн предавања и еднонеделна програма во Охрид, која ќе се одржи од 1 до 8 ноември 2026 година.
Рокот за пријавување на конкурсот е до 30 јуни 2026 година, а апликациите се поднесуваат електронски на следниот линк: https://youngleaders.com.mk/apply/.

Програмата на школата е наменета за млади луѓе со завршено високо образование до 35 години, дипломирани студенти и професионалци со работно искуство. Се очекува учесниците да имаат желба континуирано да ги развиваат и усовршуваат своите лидерски вештини и да придонесуваат за позитивен развој на општеството и нивната околина.

Школата опфаќа интерактивни предавања од реномирани предавачи и говорници од земјата и од странство, панел дискусии, работилници, тимска работа на проектна задача, како и менторска програма преку која учесниците добиваат можност за индивидуална работа и насоки од членови на алумни заедницата на Школата кои веќе имаат изградено успешни академски и професионални кариери.

Програмата е прилагодена да одговара на потребите на младите генерации и да обработува теми кои се од особен интерес за нив. Со планираните активности се стремиме да ги поттикнеме и охрабриме младите учесници да размислуваат аналитички и да дејствуваат како лидери – да иницираат и предводат промени, да стекнат самодоверба, да ги развиваат своите вештини, да ја поттикнуваат својата креативност, подготвено да одговараат на предизвиците со кои се соочуваат и да придонесуваат кон изнаоѓање решенија, притоа вложувајќи во својот професионален и личен развој.

Бројот на учесници на школата е ограничен, а право на учество имаат сите млади од Република Македонија и од странство кои ги исполнуваат условите наведени во конкурсот.

Меѓународната обука за млади лидери на проф. д-р Ѓорге Иванов традиционално се одржува од 2010 година. Во досегашните 16 изданија на школата учествуваа 625 млади луѓе од Македонија и од околу 40 земји од целиот свет со различен академски и професионален фокус. Речиси 450 предавачи и говорници од Република Македонија, Европа и светот одржаа предавања пред шестнаесетте генерации учесници на Школата за млади лидери. Во 2018 година, Школата за млади лидери на претседателот Иванов беше прогласена за најдобар социјално одговорен проект во Европа за 2017 година од страна на Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели.

Повеќе информации за конкурсот се достапни на веб-страницата и на профилите на социјалните мрежи на Школата за млади лидери:

Веб-страница: https://www.youngleaders.com.mk/

Facebook: https://www.facebook.com/IvanovSchoolForYoungLeaders/

Instagram: https://www.instagram.com/ivanov_school_for_leaders/

LinkedIn: https://www.linkedin.com/company/president-ivanov-s-school-for-young-leaders/

како и на веб-страната и на фејсбук страната на поранешниот претседател Иванов:

Веб-страница: https://gjorgeivanov.mk/

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ќе се снима биографски филм за Слаткар со поддршка од Агенцијата за филм
Следна Статија Загина 19-годишен мотоциклист по тешка сообраќајна несреќа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Уставен суд нема да коментира ничии ставови: Седницата за Законот за јазици е закажана за 11 декември

Од Уставниот суд велат дека нема да коментираат ничии ставови поврзани со предметот за Законот за употреба на јазиците. Седницата…

December 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Загинувањето на Фросина не е само несреќа, туку резултат на пропусти во системот

Како министер за внатрешни работи, но пред сè како човек и како татко, не можам, а да не ја споделам…

January 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во 21 век во Лерин Македонците можат да свират, но не и да пеат

Локалните власти во Лерин, на чело со градоначалникот, забранија да се пеат македонски песни: грчката цензура е спротивна на европските…

December 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ќе се извини ли Жерновски што ширеше лажна вест за Сиљановска и ,,Восочниот Трамп”

Екс лидерот на ЛДП кој сега е висок функционер на СДСМ а пред неколку месеци беше вратен од амбасадорската позиција…

September 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?