Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонија е опасно место за живеење за жените, реагираат граѓанските организации
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонија е опасно место за живеење за жените, реагираат граѓанските организации
МАКЕДОНИЈА

Македонија е опасно место за живеење за жените, реагираат граѓанските организации

Објавено May 14, 2026 14:38
Сподели
Сподели

Ние, граѓанските организации, најостро го осудуваме новиот фемицид што утринава се случи во Битола, каде 31-годишна жена беше убиена од нејзиниот сопруг со нож. Според информациите на МВР, сторителот ја нападнал жената со која не живееле заедно, а таа починала на лице место од здобиените повреди.

Ова не е изолиран случај. Ова е уште еден аларм дека Македонија станува сè поопасно место за живеење за жените. Загрижувачкиот пораст на фемициди и случаи на семејно и родово базирано насилство во 2026 година покажува дека институционалната заштита е недоволна, а системот потфрла да ги препознае и спречи ризиците навреме. И покрај постојаните измени на закони, стратегии и политики, во практика нема суштинско подобрување во заштитата на жртвите. Наместо ефикасна превенција, брза реакција и координирана институционална заштита, повторно сведочиме на загубени животи.

Само во првите месеци од 2026 година веќе се изгубени повеќе животи како последица на семејно и родово базирано насилство. Ова е алармантен континуитет на насилство врз жените, проследен со слаба проценка на ризик, бавни институционални реакции и култура на неказнивост. Дополнително загрижува и сè поголемиот број случаи на врсничко насилство во училиштата, од кои дел завршија со напади со ладно оружје и ученици во критична здравствена состојба. Насилството прераснува во сериозна општествена епидемија.

Бараме итна, темелна и транспарентна истрага за случајот во Битола, вклучително и проверка дали претходно имало пријави за насилство или сознанија кај институциите. Доколку се утврдат пропусти, бараме индивидуална одговорност и санкции за секое службено лице што не постапило согласно законските обврски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) Повторно отворена Народната канцеларија на претседателката во центарот на Скопје
Следна Статија Чучуљ: ДКСК не смее да се меша во работата на Обвинителството

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Антонио Кошта пристигна во Скопје

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, попладнево пристигна во Скопје на средба со премиерот Христијан Мицкоски. Кошта на скопскиот аеродром…

June 2, 2026
МАКЕДОНИЈА

Агелер: Немате поголем поддржувач и партнер од САД во остварување на вашите цели

Нема поголем поддржувач и партнер во остварување на вашите цели од САД и знам дека тоа беше повторено и на…

October 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Кога бевме опозиција отворив толку корупциски случаи, не може ова правосудство да не може да процесуира ништо

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, во своето гостување во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, се осврна на повеќе теми…

November 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Вајц: Во последната година не видовме напредок кај Македонија во спроведувањето на реформите

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, во интервју за „Еуроњуз Бугарија“ изјави дека во последната година земјава нема…

April 27, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?