Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пандов: Има дел затворски полицајци во Шутка кои не треба да носат полициска униформа и го срамат цел затворски систем
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Пандов: Има дел затворски полицајци во Шутка кои не треба да носат полициска униформа и го срамат цел затворски систем
МАКЕДОНИЈА

Пандов: Има дел затворски полицајци во Шутка кои не треба да носат полициска униформа и го срамат цел затворски систем

Објавено February 14, 2025 13:17
Сподели
Сподели

Дисциплинските постапки против двајцата затворски полицајци од затворот во Шутка кои му овозможиле телефон на Васил Јованов, лицето кое на булеварот „Партизански одреди“ ја прегази Фросина Кулакова, се веќе покренати и завршени, информираше денеска директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов на заедничката прес-конференција со директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски.

Пандов нагласи дека по пронајдениот телефон кај Васил Јованов, полициски службеници од Интервентната полиција отишле да направат претрес во притворскиот дел, при што биле пронајдени 70 телефони. Контрола била направена и три дена подоцна, вели Пандов, и во истиот дел од затворот биле пронајдени уште 35 телефони. 

– Откако викендот беше пронајден телефонот во Шутка, веќе во понеделникот од Интервентна полиција веќе беа отидени таму да направат претрес во притворскиот дел и беа пронајдени 70 телефони. По два-три дена подоцна повторно извршија претрес таму и беа пронајдени 35 телефони. Вчера, исто така, во полу-отвореното и отвореното одделение најдоа 30 и нешто телефони. Тоа се бројки што мене ме загрижуваат, рече Пандов.

За споредба, додаде, Интервентна полиција направила контрола во штипскиот затвор и затворот во Струмица, каде од прилика бројот на затвореници изнесува 110, но, како што рече, таму биле најдени само три телефони.

– Како споредба, во понеделникот исто таква интервенција имавме во штипскиот затвор и тие беа да направат контрола во затворот во Струмица, каде има од прилика 110 затвореници, а беа најдени само три телефони. Има дел затворски полицајци кои што работат во затворот Шутка кои не треба да носат полициска униформа и го срамат цел затворски систем. Треба да им биде јасно дека сите до еден ќе бидат фатени и ќе бидат избркани од работа. Ќе се потрудам со цел мој авторитет којшто го имам тие да се најдат позади решетки. Во последните акции кои што ги имавме се испостави дека одредени ликови кои иако се наоѓале во затворите биле на чело на нивните кланови и банди со кои командувале внатре од затворите, рече Пандов.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Палевски повторно побара изземање на обвинителите од случајот за убиството на Вања и Панче
Следна Статија Мицкоски на средба со Кошта: Македонија заслужува да оди напред и да не биде заложник на билатерални спорови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Одговорност за наставничка што ја организирала приредбата во ОУ „7 Март“ во Челопек

Записникот од вонредниот надзор е готов, инспекторите утврдиле неправилности поради што одговорност ќе понесе една од наставничките која била организатор…

December 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

ТЕЛЕГРАМА ДО СИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ: Сите пријавени за семејно насилство да се повикаат во станица

Сите полицајци во државата ќе добијат телеграма со јасни насоки како да постапуваат при сомнежи за семејно насилство, најави министерот…

March 4, 2026
МАКЕДОНИЈА

Галичник третa недела отсечен – Жителите без пат, струја и улично осветлување

Во апел на месната заедница Галичник пренесен преку социјалните мрежи се бара овозможување на проодност по локалниот пат од Маврово…

December 16, 2024
МАКЕДОНИЈА

Панче Тошковски останува министер за внатрешни работи, Собранието ја отфрли интерпелацијата

Собранието вечерва ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. „Против“ интерпелацијата гласаа 72 пратеници, 20 „за“, а…

April 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?