Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обвинителите од СЈО зеле милионски бонуси: Јанева и соработниците без отчет, истрагата продолжува
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Обвинителите од СЈО зеле милионски бонуси: Јанева и соработниците без отчет, истрагата продолжува
МАКЕДОНИЈА

Обвинителите од СЈО зеле милионски бонуси: Јанева и соработниците без отчет, истрагата продолжува

Објавено February 2, 2025 15:50
Сподели
Сподели

Ги наполнија џебовите со над 4 ипол милиони евра од државната каса, а никој не даде отчет за сработеното, ниту ги оправдаа фрапантните бонуси. Катица Јанева и нејзините чарлиеви ангели земаа милионски надоместоци за доверливост.Шефицата Јанева неколку години земаше плата и 4000 евра месечно само за да молчи за прислушкувањата. Околу 100 илјади евра се офајдија и Лиле Стефанова, Фатиме Фетаи и Ленче Ристовска. Бурим Рустеми инкасирал нешто над 90.000 евра, дознава „АлфаТВ“.

Слични бонуси добиле и обвинителите Трајче Пеливанов и Гаврил Бубевски, од 85 илјади евра, тврди „Алфа“.

После неколку години топката почна да се одмотува

Вишиот обвинител Јово Цветановски кој одлучи Организиран криминал да продолжи да истражува, заработи дисциплинска постапка, а му се заканува уште една. Симптоматично, истиот ден кога ја донесе одлуката, државниот обвинител Коцевски го прати на дисциплинска поради резултатите од ревизијата во Вишото обвинителство. Цветановски, тврди дека дисциплинската е незаконска.

Во јавноста подолго време отворено се зборува дека државниот обвинител вршел притисоци за одлуката за бонусите на СЈО.

Имено, шефот на организиран Ислам Абази ја отфрли кривичната пријава на ВМРО-ДПМНЕ против екс обвинителите на СЈО милионските хонорари. По ова, ВМРО ДПМНЕ се жалеше до Вишото обвинителство.

Сега на потег е шефот на Организиран, Ислам Абази. Но, државниот обвинител Коцевски не се согласува со одлуката на Цветановски, да се истражува делењето на бонусите. Тој најави уште една комисија која ќе истражува како Цветоновски донел одлука дека има сомнежи за криминал, а оштетена странка не била партијата ВМРО ДПМНЕ. Со ова неизвесно е дека вишиот обвинител Цветановски го чека уште една дисцплинска.

Адвокатот Дуковски е зачуден од ставот на државниот обвинител. Според него, Обвинителството треба да истражува и многу помали суми ако има сомнежи дека незаконски доделени, а не па вакви бонуси од милиони евра.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Дончиќ е разменет бидејќи има повеќе од 120 килограми“
Следна Статија Падна цената на Зелениот картон во Албанија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Николоски: Со новата карго – железничка обиколница во Скопје добиваме еколошки бенефит, но и забрзување на Коридорот 10

Во рекордно време се заврши карго обиколницата во Скопје со што товарните возови веќе нема да минуваат низ центарот на…

July 9, 2026
МАКЕДОНИЈА

Штипска Апелација утре ќе ги објави одлуките по жалбите на осомничените за пожарот во Кочани

Апелацискиот суд во Штип утре ќе ги објави одлуките по жалбите на осомничените за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.…

April 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

Од Јавното обвининителство информираат дека по пожарот во објекти за рециклирање отпад во селото Трубарево радијација не е детектирана и…

September 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Снегот нема да ги изненади институциите, вели Ангелов

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов денеска истакна дека државата е подготвена за претстојната зимска сезона, за врнежите со снег. Ваквиот…

November 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?