Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Раскинат договорот со надворешната компанија за кетеринг која ги хранеше војниците
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Раскинат договорот со надворешната компанија за кетеринг која ги хранеше војниците
МАКЕДОНИЈА

Раскинат договорот со надворешната компанија за кетеринг која ги хранеше војниците

Објавено October 9, 2024 12:30
Сподели
Сподели

Раскинат е договорот со надворешната компанија што ја снабдуваше Армијата со храна, потврди денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски.

-Еднострано е раскинат договорот кој имаше многу недостатоци. За да не биде политичка одлуката како министер за одбрана направив Комисија заедно со Министерството за одбрана, Генерал-штабот и Армијата која ги прегледа сите записници и констатираше премногу пропусти и заедно со Армијата ни даде препорака да биде раскинат договорот. Договорот е раскинат и течат сите законски прописи, но мене најважно од се ми е да не се наруши борбената готовност и секој припадник на Армијата да биде безбеден, рече Мисајловски во одговор на прашање на отчетот за 100 дена Влада и додаде дека се консултирал со правниот сектор во Армијата и со адвокат за раскинувањето на договорот.

Потенцира дека преку 60 припадници беа затруени заради небезбедната храна што им се служела во кантините и посочи дека здравствените власти најдоа некои бактерии на работните површини што компанијата која вршеше кетеринг не ги отстранила при првата опомена, затоа, како што кажа, овој договор мораше да биде раскинат.

-Согласно Колективниот договор на секој припадник во Армијата и Министерството му следи надомест за хранарина. Бидејќи договорот е раскинат на секој припадник ќе му биде исплатен надомест за хранарина. Во делот на Армијата каде мора да има оброци тоа веќе го регулиравме и ќе се готви во Армијата како што беше и пред неколку месеци, посочи Мисајловски.

Во иднина, како што кажа, може да се спроведат две постапки – целосно да се исплаќа хранарина по основ на Колективен договор или да се распише нова постапка за нова кетеринг компанија за што веќе се обезбедени средствата во буџетот.

-Ќе го избереме она што најголем дел од Армијата и вработените ќе го побараат, потенцира Мисајловски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Антикорупциска потврди дека премиерот Мицкоски не го носел синот во САД со државни пари
Следна Статија Пандев, Лазаров и Иџе повеќе нема да рекламираат казина или обложувалници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Се изготвува ново предлог законско решение за „Безбеден град“

Проектот „Безбеден град“ е еден од приоритетите на МВР, истакна денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски прашан за почетокот…

January 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ова е чекор напред во визијата за Македонија како дигитална земја – со силна економија

Премиерот на Владата Христијан Мицккоски,денеска заедно со Тимотеус Хетгес, главен извршен директор на Дојче Телеком и Доминик Лерој, член на…

July 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

МРТВ со „солено“ мени за состанок со ЕБУ: Сирење од 100 евра килограм, морска храна со школки, ракчиња, арборио ориз со шафран…

Македонската радио-телевизија (МРТВ) организира високобуџетна вечера за гостите од Европската радиодифузна Унија (ЕБУ), на која е предвидено да се потрошат илјадници евра…

February 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонскиот јазик исчезна и во НАТО-биографијата на Радмила Шеќеринска

Радмила Шекеринска, според официјалната веб-страница на НАТО, на 2 декември 2024 ја преземала должноста на заменичка генерален секретар на НАТО.…

December 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?