Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Отец Димитар: Да се остане смирен – Херои се децата кои заминаа, кои спасија животи, кои се повредени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Отец Димитар: Да се остане смирен – Херои се децата кои заминаа, кои спасија животи, кои се повредени
МАКЕДОНИЈА

Отец Димитар: Да се остане смирен – Херои се децата кои заминаа, кои спасија животи, кои се повредени

Објавено March 22, 2025 21:53
Сподели
Сподели

Јас не сум херој. Херои се децата кои заминаа, херои се децата кои спасија десетици животи, херои се повредените.

Вака отец Димитар одговара на коментарите на социјалните мрежи по видеото кое стана вирално, а во кое со свое обраќање ги смири младите кои по трагедијата во дискотеката „Пулс“, својот револт, гнев, тага и болка ги изразија во Кочани.

-Се распнаа, ги дадоа своите животи за други да живеат, тоа се хероите, вели отец Димитар во разговор со Стефан Лазаров.

Смета дека потребно е да се остане смирен, повикот на црквата е да донесува мир.

-Дај Боже без никакви протести, власта да ги превземе неопходните чекори, еднаш засекогаш да се заврши со сета корупцпија, со сите неправилности, вели отецот кој нагласува дека кажаното во интервјуто е негов личен став и мислење, не на МПЦ.

-Најтешките два дена во моите 39 години беа денот кога се случи несреќата и денот на погребението на дечињата. Колку и да бевме под средства за смирување, смртта за нас е секојдневние, но само да можат луѓето еден ден да се стават во мантијата, да видат како е кога ги редиме пред дупките стапчињата на дечињата (стапчиња со имињата). Ми се чини дека поголема болка немав почувствувано кога мајките читаа и го бараа местото на дечињата. Тоа беше нешто страшно. Мислам дека колку мајки видов, толку пати во срцето ми пукаше, со солзи во очите вели отец Димитар.

Додава дека најтешко е да даваш утеха на некој што не можеш да го утешиш, нагласувајќи дека родителите биле прекрасни. Посочува дека ги посетиле сите родителите на загинатите млади, разговарале со нив и им пружаат утеха, збор од Бога.

Родителите му кажале дека на некој начин биле утешени од словото кое на погребите го кажал Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан.

Отец Димитар вели дека не постои начин да се прифати загуба.

-Има родители кои добро се носат со тоа, но внатрешната болка е внатрешна болка. Јас можеби две или три од децата не познавав. Буквално најдоброто од градот ни замина. Деца беспрекорни прекрасни, без пороци, убави, интелегентни, културни, вели отецот.

-Христос беше мртов и воскресна, Кочани е мртов и ќе воскресне. Тие млади деца ќе го воскреснат, ние тешко. Целата надеж ми е во младината, вели отец Димитар.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Најпопуларниот бугарски актер Филип Буков даруваше крв за повредените во Кочани
Следна Статија Кривична за скопјанец: Без возачка дозвола возел над 100км/час, каде било дозволено 50км/час

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Судот го забрани најавениот штрајк од страна на синдикатот на контролори на летање

М-НАВ АД Скопје ја информира јавноста дека основниот граѓански суд Скопје на 16.10.2025 година донел решение со кое се усвојува…

October 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Планот за раст и Реформската агенда не е само услов за интеграција, таа е инструмент за оздравување на нашата држава

Секој народ има моменти кога мора да избере: ќе остане во удобната стагнација или ќе се соочи со потребата од…

April 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Таткото на Фросина: Правосудниот систем произведува неправди

Таткото на загинатата Фросина Кулакова денеска обвини дека правосудниот систем произведува неправди што длабоко ги погодува родителите и блиските на…

May 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски – Лазар: На Македонија и се потребни пријатели како Унгарија, ја унапредуваме соработката

Македонија и Унгарија се пријателски земји со одлични економски и политички односи и во духот на ова пријателство ја продолжуваме…

March 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?