Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Откриена разработена шема за кражба на огревни дрва во кичевско
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Откриена разработена шема за кражба на огревни дрва во кичевско
ХРОНИКА

Откриена разработена шема за кражба на огревни дрва во кичевско

Објавено March 27, 2026 20:32
Сподели
Сподели

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против правно лице од село во општина Македонски Брод и Б.Б.(21) од Кичево, управител на правното лице поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „кражба“, против Б.Б.(45) од с.Пласница поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „вршење јавен превоз без поседување лиценца“ и „употреба на исправа со невистините содржини“ и протв Г.П.(50) од Кичево, вработен во ЈП „Национални шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Во текот на 2024 и 2025 година, првопријавениот склучил купопродажни договори за огревно дрво со Јавното претпријатие Национални шуми, подружница Лопушник – Кичево, а потоа на 27.08.2025, врз на основа на договорите, четвртопријавениот Г.П. изготвил испратница во која внел невистинити содржини и како таква третопријавениот Б.Б. ја искористил како доказ во правниот сообраќај и ги превезувал дрвата со товарно возило „ман“ без да поседува лиценца за вршење на јавен превоз.

Покрај ова, пријавеното правно лице извршило кражба на дополнителни 852.5 кубни метри огревни дрва, со што е нанесена материјална штета на буџетот на ЈП „Национални шуми“ во висина од околу 3.191.760 денари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Двајца лишени од слобода, откако во автобус на Дурмо беа пронајдени куршуми
Следна Статија Трамп се пожали: Многу сме разочарани од НАТО

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Малолетник објавил дека сака да се самоубие, полицијата спречи трагедија

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на изминатото деноноќие, при редовните активности за…

March 1, 2026
ХРОНИКА

Продолжен притворот на Нино Васев за нови 30 дена, неговата одбрана најави жалба на Апелација

Судот го продолжил притворот на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев за нови 30 дена, изјави бранителот на…

October 21, 2025
ХРОНИКА

Црногорка уапсена за кражба во златарница во Тетово

27-годишна девојка од Црна Гора вчера била уапсена во Тетово. Била пријавена за кражба на златен накит. -На 19.03.2026 во…

March 20, 2026
ХРОНИКА

Конечната пресуда за двојното убиство на Вања и Панче на 25 јуни

Основниот кривичен суд Скопје на 25 јуни ќе ја изрече конечната пресуда во случајот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска…

June 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?