Откриен планот на српските студенти како во сабота да предизвикаат граѓанска војна

- Advertisement -

Вечерва на српските телевизии беше објавена емисија за тоа како српките студенти планирале во сабота да предизвикаат немири и граѓански војна.

Аудио снимката е од состанок на организаторите снимен тајно со мобилен од еден од групата во која се разработувал детален план како да предизвикаат инциденти и упад во РТС и Парламентот. Во снимката велат дека им треба мапа од Јавниот сервис и како да упаднат во живо во емисија и да кажат „Готов е“.

Споминуваат „позитивни тепачи“, „пиздарии“, „упад“, граѓанска војна и рушење на Вучиќ и преодна влада.

Еден од организаторите Срѓан Ѓуриќ вели  дека ќе создаде план А, Б и Ц.

– Првиот случај е ако е мирно, вториот е ако е на работ, а третиот е ако има хаос. Првиот случај е преодната влада, скандирање. Немаме план за други сценарија доколку дојде до хаос – изјави Ѓуриќ.

Филмот, односно состанокот трае два часа и по ова се очекува апсење на демонтрантите.

Сподели ја оваа статија